Меланија Трамп ја украси Белата куќа/Фото: Профимедиа

ФОТО | Трамп ѝ предложил на Меланија како да ја украси Белата куќа: „Душо, нека бидат…“ 

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја пофалил својата сопруга Меланија за овогодинешното божиќно украсување на Белата куќа.

Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Тој истакнал дека конечно успеала да ги избегне критиките што следеле по нејзините претходни креативни избори.

– Реков: „Душо, направи ми услуга. Направи ги елките да бидат зелени. Само нека бидат зелени“, и сега таа ги доби најдобрите комплименти – рекол Трамп на приемот во Белата куќа, пишува магазинот „Пипл“.

Претседателот на САД се потсетил на претходните години кога црвените и белите елки во Белата куќа предизвикаа негативни реакции од медиумите.

Белата куќа украсена за Божиќ/Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Белата куќа годинава е украсена со класични зимзелени елки со декорации во златна и црвена боја, а Меланија ја опишала својата инспирација како „радост“.

Белата куќа украсена за Божиќ/Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Поранешната шефица на кабинетот на Меланија Трамп, Стефани Гришам, потврдила дека Меланија во минатото била фрустрирана од постојаните критики, но дека „ги сака празниците и настаните што се поврзани со деца“ и обрнува многу внимание на декоративните детали.

Меланија во минатото се соочувала со критики за нејзините неочекувани стилски избори кога станува збор за украсување на Белата куќа, за разлика од повеќето први дами кои се држеле до традиционалниот американски стил: украсени зимзелени елки со орнаменти и венци.

ФОТО | Духот на Божиќ во Белата куќа: Меланија Трамп ја претстави најраскошната празнична декорација досега

ФОТО+ВИДЕО | Вистинска бајка: Меланија Трамп ги претстави празничните декорации на Белата куќа за оваа година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот