Меланија Трамп и божиќната атмосфера во Белата куќа / Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Вистинска бајка: Меланија Трамп ги претстави празничните декорации на Белата куќа за оваа година

Белата куќа ги претстави своите божиќни украси за 2025 година, кои традиционално ги координира првата дама. Годинашната тема е „Домот е таму каде што е срцето“.

Првата дама Меланија Трамп ги покажа божиќните украси за оваа година. Во објава на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), таа ја откри и темата за празничната сезона – „Домот е таму каде што е срцето“.

„Овој Божиќ, да ја прославиме љубовта што ја носиме во себе и да ја споделиме со светот околу нас. На крајот на денот, каде и да сме, можеме да создадеме дом исполнет со бескрајни можности“, напиша првата дама.

Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Биле потребни 1.500 волонтери кои работеле една недела за да ги постават украсите. Како што соопшти Белата куќа, ходниците ги красат повеќе од 50 новогодишни елки, 210 метри гирланди, 7.500 метри ленти и 3.500 пеперутки.

Празничните украси за 2025 година се поставени среде тековните градежни работи кои вклучуваат уривање на поранешното источнo крило на Белата куќа и изградба на нова балска сала во вредност од околу 200 милиони долари.

Фото: EPA/JIM LO SCALZO
Фото: EPA/JIM LO SCALZO
Фото: EPA/JIM LO SCALZO

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот