ФОТО | Топлес во шестата деценија од животот: Ел Макферсон на насловната на магазинот „ELLE“

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Ел Макферсон (58) припаѓа на генерацијата на „златното доба“ на манекенството, а магазинот „Тајм“ и го дал прекарот „Телото“ во 1989 година.

Во текот на 1990-тите, беше позмата под прекарот „Телото“, а во 1996 година беше дел од најавениот супермоделски тим „The Magnificent 7“, во кој беа Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, Татјана Патиц, Наоми Кембел, Синди Крафорд и Паулина Поришкова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacpherson)


И во својата шеста деценија, Ели продолжува да работи со полна пареа. Познатата манекенка ја краси насловната страница на магазинот „ELLE“, позирајќи топлес додека ги покрива градите со капа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacpherson)


„Божица“, „Најубава, „Сензационална“, „Совршена како и секогаш“,  се само дел од бројните коментари кои фановите ги оставија под објавата на насловната страна на магазинот која Ел ја сподели и на својот инстаграм – профил

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacpherson)


Што се однесува до одржувањето на линијата, Ели истакнала дека нејзиниот „рецепт“ е многу едноставен. Нејзиното правило е да пие три литри вода секој ден, а нејзиното мени вклучува овошје, зеленчук, риба, јаткасти плодови, овесна каша, пудинг од чиа семе, спел, јајца, козјо сирење и задолжителните протеински шејкови.

Видео на денот