ФОТО | Темносино од глава до пети: Кејт Мидлтон повторно потсети зошто се наоѓа на првото место!

По повод одбележувањето на Европската недела на менталното здравје за време на која се поддигнува свеста за неговата важност во секојдневниот живот, војвотката и војводата од Кембриџ отпатуваа во англискиот предел Вест Мидландс.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон посетија неколку организации и здруженија на тоа подрачје кои во склоп на своите програми се грижат за менталното здравје на децата од домовите.

Тие двајца учествуваа во разните активности кои беа организирани од здруженијата, како тенис, стрелаштво, садење цвеќиња, интерактивни игри…

Војвотката за оваа прилика облече сјајна модна комбинација.
Таа со своите стари пантолони облече и две нови парчиња во кои досега не сме ја виделе – преслатка кошула украсена со точки и долг капут во темносина боја.

Во комбинацијата од темносина боја одлично се вклопија и нејзините салонки од превртена кожа, а во ова издание таа совршено ја вклопи и торбата со иста боја.

Сината боја се смета за кралска боја, а темносината зрачи со уште повисока софистицираност, што на Кејт Мидлтон повторно и го потврди првото место, кога станува збор за стајлингот во кралското семејство.
