ФОТО | Таа има Даунов синдром, но тоа не ја спречи да стане успешен модел

Џесика Џакинто/Фото:Принтскрин/Инстаграм

Џесика Џакинто е 22-годишна манекенка која живее во Венецуела. Она што ја прави различна е фактот што таа е родена со Даунов синдром, но тоа не ја спречило да го оствари својот сон да стане професионален модел.

Кога имала 14 години добила покана да учествува на избор за убавина. Во средно училиште, таа се занимавала со некои спортови како гимнастика, пливање и атлетика, но тие навистина не ја направиле толку среќна. Ја прифатила поканата да проба нешто ново и набрзо сфатила дека тоа е нешто во кое ужива.

Џесика Џакинто/Фото:Принтскрин/Инстаграм

„За мене да се биде модел е како да студирам нешто што ми се допаѓа. Кога сум на модната писта, станувам некој друг. Како некој друг одеднаш да влегува во мене. Се чувствувам силно“, изјавила Џесика.

Џесика Џакинто/Фото:Принтскрин/Инстаграм

До денес таа учествувала на многу кастинзи, но патот до успехот не бил лесен. Неколку големи манекенски агенции и брендови не прифатиле соработка со Џесика. Иако рекле дека ќе и се јават, тие никогаш не и се јавиле. Сепак, тоа не ги обесхрабрило Џесика и нејзината мајка, туку ги мотивирало да продолжат понатаму.

Џесика Џакинто/Фото:Принтскрин/Инстаграм

И покрај големите соништа и бројните достигнувања, Џесика живее обичен живот.

Џесика Џакинто/Фото:Принтскрин/Инстаграм

„Дискриминацијата на луѓето со Даунов синдром, дури и во развиените земји, е длабока“, вели Мишел Си Витен, извршната директорка на Светската фондација за Даунов синдром.

Џесика Џакинто/Фото:Принтскрин/Инстаграм

„Но, малку по малку, промените се случуваат во нашата перцепција и разбирање и се надеваме дека тоа ќе доведе до безусловно прифаќање“, додаде таа, пишува Bored Panda.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот