ФОТО | „Таа е буквално копија на татко ѝ“ — Неверојатна сличност на принцезата Шарлот и принцот Вилијам на новата фотографија што ја сподели Кејт Мидлтон
Новата заедничка фотографија од принцот Вилијам и принцезата Шарлот, објавена по повод неговиот роденден и Денот на татковците, веднаш предизвика лавина од реакции. Многумина забележаа дека нивната сличност е уште поизразена.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Фотографијата ја објавија на социјалните мрежи Кејт Мидлтон и нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис, а е снимена во градините на Кенсингтонската палата по овогодишната церемонија „Trooping the Color“. На неа, принцот Вилијам ја прегрнува насмеаната Шарлот, а сите само коментираат колку малата принцеза личи на својот татко.
View this post on Instagram
Поводот за објавата бил двојната прослава бидејќи принцот Вилијам 21 јуни го прослави 44-от роденден, а истиот ден во Велика Британија и во САД се обележуваше и Денот на татковците. Заедно со фотографијата, била објавена и пораката: „Среќен роденден и Ден на татковците на најдобриот татко на светот! Те сакаме многу“, потпишана од Кејт, Џорџ, Шарлот и Луис.
Принцезата Шарлот и претходно често ја споредуваа со нејзиниот татко, но новата фотографија дополнително ги зајакна таквите впечатоци, првенствено поради изразот на лицето и насмевката, па се нижат коментарите „принцезата Шарлот е близначка на татко ѝ“ и „таа е буквално негова копија“, „исти се“…
Интересно е тоа што за нивната сличност уште во 2020 година посочил и самиот Вилијам, кој, гледајќи ја својата стара фотографија, рекол: „Дали тоа сум јас? Бидејќи тоа изгледа исто како Шарлот. Неверојатно е.“
Happy 10th Birthday Princess Charlotte! ❤
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/GckTgYXN8Y
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2025
Објавата доаѓа кратко по официјалното појавување на кралското семејство на церемонијата Trooping the Color, каде што принцот Вилијам, Кејт и нивните три деца заедно учествувале во обележувањето на официјалниот роденден на кралот Чарлс. Принцот Вилијам тогаш учествувал во поворката на коњ, додека Кејт, Џорџ, Шарлот и Луис поминале низ Лондон во кочија, пред сите заедно да се појават на балконот на Бакингемската палата.


