ФОТО | Српската актерка крена бура со објавата: Не пријавив, затоа што се срамев…

Фото: Профимедиа

Српската и официјално најдобра европска актерка оваа година Јасна Ѓуричиќ (55) одлучила да се приклучи на движењето #НисамПријавила (не пријавив) преку социјалните мрежи и да им дадеш поддршка на злоставуваните жени.

Мачни сведошства на малтретирани жени

Ѕвездата на наградуваниот филм „Кво вадис, Аида“, објави видео во кое зборува за злоставуваните жени и за движењето кое предизвика бура во регионот.

– Не пријавив затоа што се срамев. Сега ми е срам што се срамев. Ми се гади да го читам сето ова, бидејќи како повторно низ сѐ да поминувам. Секоја чест за оние што зборуваат, бидејќи знам колку е храброст е потребно за тоа. Сето тоа се мали чекори кон една голема слобода – рекла Јасна во видеото.

Фото: Инстаграм

Актерката им дала поддршка на жените кои проговорија за своите искуства во склоп на движењето „Не пријавив“. По движењето #небарав, а потоа и #несисама, каде што бројни девојки проговорија за злоупотребата што ја доживеале, неодамна почна да се шири и хаштагот #непријавив. Жените во него ги наведуваат причините зошто молчеле за сексуалното злоставување. Се работи за сведоштва на жени од балканските земји кои објаснуваат ситуации во кои се нашле и не го пријавиле злосторството што им е направено. Приказните се вознемирувачки, со различни типови насилство, физичко, сексуално, вербално…

Хаштагот #NisamPrijavila со молскавична брзина се шири на Твитер: Жените пишуваат зошто не пријавиле насилство!

Кога се отвори „Пандорината кутија“?

До тоа дојде кога учителот по глума Мирослав Мика Алексиќ (70) беше обвинет за четири кривични дела силување кога актерката Милена Радуловиќ (27) во една исповед за медиумите откри дека ја силувал учителот по глума кога имала 17 години. Неколку девојки, меѓу кои и малолетнички, пријавија во полиција дека биле силувани или сексуално малтретирани од Мирослав Мика Алексиќ, познатиот сопственик на угледното училиште за глума во Србија.

– Бев во училиштето на Мика Алексиќ шест години кога ме силуваше. Имав 17 години. Тоа не се случи само еднаш. Тоа беше континуирано дејство – изјави Милена Радуловиќ во интервјуто за „Блиц“.

Актерката инсистираше на тоа дека „ова не е само нејзина приказна“ и дека „ова не е само нејзиниот збор против неговиот“, односно дека професорот сексуално злоставувал девојчиња со децении.

Која е Јасна Гуричиќ?

Јасна Ѓуричиќ е позната по главната улога во филмот „Кво вадис, Аида?“ кој беше прогласен за најдобар европски филм, а актерката беше прогласена за најдобра европска актерка на 34. Европски филмски награди (ЕФА). Режисерката на филмот Јасмила Жбаниќ ја доби наградата за најдобар режисер.

– Сега имам доказ дека сум европска актерка. Благодарение на Академијата. Прво сакам да му се заблагодарам на тимот „Кво вадис, Аида?“. Вие сте најдобриот тим, секогаш ќе останете во моето срце. Благодарам на моето семејство, децата и сопругот – изјавила Ѓуричиќ.

Дипломирала на Академијата за уметности во Нови Сад, а добитничка е на бројни филмски награди.

ФОТО | Српската глумица прогласена за најдобра актерка во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот