Хаштагот #NisamPrijavila со молскавична брзина се шири на Твитер: Жените пишуваат зошто не пријавиле насилство!

Твитер хаштаг #NisamPrijavila
Твитер хаштаг #NisamPrijavila

Српската глумица Милена Радуловиќ на почетокот на годинава го обвини својот поранешен професор по глума Мирослав Алексиќ за силување додека уште била тинејџерка.

Нејзиниот потег предизвика огромна низа реакции на жени од Балканот, обединети под слоганот „NisiSama“, и „NisamTrazila“, што е пандан на глобалното движење #МеТоо, кое ја отвори Пандорината кутија за општата слика на секакви злоставувања од сексуалната природа во забавната индустрија.

Голем број непријавени случувања или доцна пријавени злоупотребени жени си го отворија срцето на социјалните мрежи

Во мигов, Твитер е полн со приказни под хаштагот #NisamPrijavila.

Се работи за сведоштва на жени од балканските земји кои објаснуваат ситуации во кои се нашле и не го пријавиле злосторството што им е направено.

Има еден куп приказни кои се вознемирувачки, со различни типови насилство, физичко, сексуално, вербално. Голем е бројот на жени кои се солидаризираат, а во основа со овој хаштаг се наметнува и прашањето – зошто системот никогаш не ја поддржува жртвата, туку прво тргнува со претпоставката дека жената е виновна за тоа што  ѝ се случило?

Твитер сведоштвата се шокантни кога во нив ќе се соочите со потиснати емоции кои никогаш не се споделиле поради стравот од осуда, затоа што насилникот бил близок до семејството на жената, или уште пострашно, вработен во полиција или институција која првенствено треба да биде во одбрана на било какво насилство. Поддршката кон хаштагот е од сите страни. И твитер корисниците од други земји се приклучија кон отворање на темата, а еден твитер профил запиша:

„Темата #NisamPrijavila е претешка за читање. Храбрите балкански жени ги споделуваат своите искуства на сексуална злоупотреба, детски трауми и многу повеќе… Што никогаш не ги пријавиле.

Поддршка за овие жени

Ова се само дел од сведоштвата на куп балкански жени кои отворено ја раскажаа својата болка. Темата ќе биде актуелна, прашањата ќе се отвораат, но дали ќе има одговори и решенија за сите тие изгубени години поминати во страв и чувство на вина? Овде не се работи само за чинот на злоупотреба, туку и системот кој потфлува во детектирање на ваквите повторливи појави, што очигледно се глобален проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот