ФОТО: „Среќата е поубава кога е неочекувана“ – Игор Џамбазов и Илина Арсова прославуваат шест месеци љубов

Фото: Инстаграм

Откако објавија дека се заедно, Игор Џамбазов и Илина Арсова станаа омилениот македонски пар. Парот редовно објавува заеднички фотографии, а публиката едноставно ужива во нивната љубов.

Денес имаат нов повод за прослава – Игор и Илина прославуваат шест месеци од почетокот на нивната љубовна врска.

Фото: Инстаграм

За оваа вест не извести и самиот Џамбазов на неговиот Инстаграм профил, каде објави нивна заедничка фотографија под која напиша „Пред 6 месеци, се спои неспоивото, се вљуби невљубивото…“.

Фото: Инстаграм

Долгогодишната пријателка и колешка на Џамбазов, Весна Петрушевска коментираше на неговата објава…. „Ооо муциња па вие имате шестмесечна годишнина“, напиша таа.

Фото: Инстаграм

„Цела Македонија ви се радува“, „Среќните 6 месеци, да се претворат во 60 години“,„Среќата е поубава кога е неочекувана“, се само дел од коментарите и честитките упатени до парот.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот