ФОТО | Србинката со златна крв за која слушна целиот свет: Таа е една од само 20 луѓе на планетата

Фото: Принтскрин/РТС

Денес, во светот има само девет живи донори со најретката крвна група наречена Rh null. За само 43 луѓе на планетата е потврдено дека ја имаат оваа златна крвна група, а меѓу нив е и една белграѓанка, Милица Мучалица. За Милица слушна цел свет, бидејќи благодарение на трансфузијата таа му го спаси животот на денешниот директор на ФИФА .

Џани Инфантино, сегашниот директор на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации, како дете имал ретка болест. Единствен спас за него била трансфузијата на Rh негативната група, која во тоа време имале само 18 луѓе на планетата. Една од нив била и Милица Мучалица од Белград.

Во далечната 1970 година, кога се родил Инфантино, таа одлучила да му даде крв штом ја контактирале за помош. Притоа, Милица само неколку месеци пред тоа имала тешка операција на тумор на матката.

Џани и неговото семејство потоа 20 години се обидувале да ја најдат хуманата донорка, но безуспешно. Благодарение на локалните медиуми, кои дошле до Милица, Инфантино успеал да стапи во контакт со неа. Потоа ја поканил во Цирих лично да се запознаат.

„Разговарав со Џани по телефон и ми беше многу пријатно. Ме праша како сум и ми се заблагодари за тоа што сум го направила кога бил мал. Ќе го посетам кога ќе се одмори од сето ова медиумско внимание“, изјавила своевремено Милица, а пренесува calco.fanpage.it.

Милица поседува исклучително ретка крвна група наречена Rh null. Досега со неа се евидентирани само 43 луѓе во светот. Во моментов на нашата планета има девет живи активни донатори, пишува Discovery.com.

Инаку, четирите основни типови на крвни групи – А, Б, АБ и нулта, се претвораат во осум од нив ако го сметаме присуството или отсуството на Rh факторите. Rh факторот може да биде и позитивен и негативен, а го одредуваат протеините на површината на еритроцитите кои се специфични за секоја крвна група.

Повеќето луѓе во светот се Rh позитивни, а се проценува дека само 15 отсто од популацијата Rh е негативна.

Притоа, оваа најретка крвна група, од многуте варијации, нема ниту еден од 50-те антигени од системот Резус и ја нарекуваат златна бидејќи е толку многу ретка.

Првпат е откриен кај една Абориџинкаа во 1961 година, а вреди злато бидејќи е многу подобра како универзален донор и од нултата крвна група, но луѓето кои ја имаат можат да ја примат – само неа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот