ФОТО | Сопругата на Мустафа Сандал ги менува венчаниците како чорапи: Последната привлече најмногу внимание

Фото: Инстаграм

Турскиот пејач Мустафа Сандал (52), поранешен сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, со која има два сина, пред речиси еден месец се ожени со 19 години помладата Мелис Сутшуруп.

Пејачот и атрактивната русокоса, сопственичка на моден бутик, се во врска од мај 2019 година, односно тогаш за првпат заедно се појавија во јавноста. Да потсетиме, Сандал и Емина се разведоа во 2018 година, по 10 години брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Magazin Mahallesi (@magazinmahallesi)


Мустафа и Мелис ја прославија својата венчавка на спектакуларен начин со неколку луксузни церемонии, а деталите од овие гламурозни прослави ги пренесоа сите турски медиуми.

Двојката првично се заколна на вечна љубов на граѓанска церемонија во Рим, Италија, а неколку дена подоцна приреди раскошна свадбена веселба за 80 нивни најблиски пријатели во луксузен хотел во турското одморалиште Мармарис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gazete Paparazzi (@gazetepaparazzi)


Сосема очекувано, 33-годишната Мелис смени неколку свадбени изданија – почнувајќи од бел костум, преку прекрасна снежно-бела, сатенска венчаница со длабок шлиц и прилично смело деколте, па сè до нетипичната венчаница што ја носела за свадбената веселба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Magazin Mahallesi (@magazinmahallesi)


Имено, Мустафа и Мелис дури пред неколку дена ги објавија фотографиите од споменатата забава, а посебно внимание привлече модниот избор на невестата! Таа облекла провокативна, кратка венчаница со проѕирна тантела и реси, а креацијата всушност повеќе личи на костим за танц отколку на невестински фустан за забава.


Целото издание на невестата предизвика поделени мислења. Додека едни се воодушевени, други се згрозени.

„Ова е неверојатно кич“, „Најгрдата венчаница досега“, „Толку пари, а ти направи таков избор“, „Ме боли мозокот од твојата венчаница“, „Грдо, погрдо не можеше да биде“, се само дел од коментарите.

ФОТО | Мустафа Сандал се вери со својата сакана Мелис: „Емина е минато“

Емина Јаховиќ ќе го тужи Мустафа за 26 месеци неплатена алиментација: „Не им е платено здравствено осигурување на децата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот