Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати писмо до Владата во кое замолил за трансфер на еден милион евра на хрватската влада како помош по разорниот земјотрес во Петриња.
Градот Петриња вчера напладне (12:19 часот) беше погоден од разорен земјотрес кој предизвика уривање на, речиси, пола град. Многу куќи беа срамнети со земја, многу луѓе останаа без ништо, а досега седум лица им подлегнаа на повредите од земјотресот. Има и многу повредени.
Хрватската Влада на денешната седница го прогласи 2 јануари за Ден на жалост во земјата поради жртвите од вчерашниот силен земјотрес.
– За ова се консултирав и со претседателот на Републиката и со претседателот на Саборот. И тие ја поддржуваат оваа одлука, изјави премиерот Анддреј Пленковиќ на денешната владина седница, што ја почна со една минута молк за загинатите во земјотресот.
Помош и поддршка во Хрватска пристигаат од целиот регион и Европа, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати писмо до Владата во кое замолил за трансфер на еден милион евра на хрватската влада како помош по разорниот земјотрес во Петриња, пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ до Владата во Белград: Милион евра како помош за Хрватска
Со солидарен потег истапи и непознат автор во Србија изрази поддршка до Хрватите, испишувајќи Петриња и срце во центарот на Белград.



Претседателот Александар Вучиќ нагласи дека Србија е подготвена, и технички и финансиски, да и помогне на Хрватска.
ФОТО | Спасена жена од урнатините во Петриња: Четири часа копавме да ја извлечеме