ФОТО | Спасена жена од урнатините во Петриња: Четири часа копавме да ја извлечеме

Тимот на ЈВП „Новска“ од урнатините во Петриња извлекол жена која останала затрупана во нејзината канцеларија по вчерашниот разорен земјотрес.

ЈВП „Новска“/Facebook

Колку што беше висока вратата, толку внатре имаше цигли и бетон. Четири часа копавме да ја извлечеме. Засега само толку можам да кажам за тоа колку беше тешка интервенцијата“, рекол за 24сата.хр Златко Пјеш од ЈВП „Новска“.

ЈВП „Новска“/Facebook

Од јачината на ударот се урнал дел од покривот и ѕидовите на зградата на јавната управа, а вработената останала сама во просторија на вториот кат.

ЈВП „Новска“/Facebook

Кога почна да се тресе, некако успеала да се заштити со помош на фотелја и тоа ја спасило. Ја открија кучињата и некако успеавме да комуницираме со неа. Тогаш почна потешкиот дел, копањето за да ја спасиме“, раскажал Пјеш.

Прво дошле до нејзината глава, што било клучно, а потоа интервенирал докторот кој ѝ дал кислород. Жената била свесна.

Моравме да ја одржиме будна. Ништо не зборуваше. Ѝ посакуваме многу среќа и брзо опоравување“, рекол Пјеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот