ВИДЕО | Страотни снимки ја доловуваат огромната штета: Погледнете како изгледа Хрватска ден по земјотресите
И денеска имаше два земјотреси. Но она што се случи вчера беше страшно. Најголемата тага во таа приказна што тоа е подрачје кое многу страдаше во војната. И сега згора на се, доаѓа и земјотресов. Луѓето едвај почнаа да се враќаат во нормала, се случи оваа катастрофа, изјави во денешниот Утрински брифинг на Слободна ТВ, Зринка Врабец Мојзеш, новинарка и колумнистка на неделникот „Национал“.
Препорачано
– Несреќата дојде на несреќата која веќе постои. Градоначалникот вели дека Петриња е град во кој се акумулираат фрустрациите во последните децении. Почна некако со европската помош да се гледа светло во тунелот, но сега се случи оваа катастрофа. Петриња е стар град кој највеќе се развивал во 19 и 20 век и најсличен е со Самобор. Граѓаните се горди на фактот што пред војната, по развиеност, по културна развиеност и општествен живот беше мал пријатен град, вели хрватската новинарка за Утрински брифинг.
Погледнете како изгледа хрватскиот град еден ден по разорниот земјотрес:
ФОТО | Спасена жена од урнатините во Петриња: Четири часа копавме да ја извлечеме


