ФОТО | Една фотографија, илјада емоции: Куче во Хрватска сѐ уште ја чува куќата, иако земјотресот ја срамни со земја

Штетите од земјотресот во Петриња и околината се огромни.

Многу куќи беа срамнети со земја, многу луѓе останаа без ништо, а досега седум лица им подлегнаа на повредите од земјотресот. Има и многу повредени.

Луѓето ги напуштија своите урнати куќи, а камерите на Н1 снимија и куче, како седи покрај урнатините на куќата во Мајске Полјане која тој секогаш ја чувал, а веќе ја нема.

„Тој и понатаму ја чува куќата што ја нема…“ стои во емотивната твитер-објава на Ивана Драгичевиќ која ја обиколи Балканот.

ФОТО | Спасена жена од урнатините во Петриња: Четири часа копавме да ја извлечеме

ВИДЕО: Градот кој многу страдаше во војната сега погоден од земјотрес – Хрватска се крена на нозе, помош пристигнува од сите страни, разговор со Зринка Врабец Мојзеш

По разорниот земјотрес во Хрватска: Австрија бара затворање на централата во Кршко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот