По разорниот земјотрес во Хрватска: Австрија бара затворање на централата во Кршко

Фото: EPA/STRINGER

Силниот земјотрес што вчера ја погоди Хрватска беше повод за австриските политичари да побараат затворање на нуклеарната централа во Кршко, Словенија.

– Централата постои од 1981 година и проектирана е да работи најмногу 40 години. Поради тоа мора да биде затворена, најдоцна до 2023 година. нејзино продолжување со работа не смееме да гледаме со скрстени раце, изјви секретарката за екологија на австриската покраина Штаерска, Урсула Лајнер.

Таа наведе дека вчерашниот силен земјотрес уште еднаш покажал дека централата во Кршко треба да се затвори. И покрај бројните разговори и барања на Австрија, Словенија не сака да го исклучи објектот. 

– Бевме сведоци на страшни слики од Чернобил, но и од Фукушима. Затоа се надеваме дека ќе бидат одговорни во соседна Словенија и ќе се откажат од намерата за продолжување на работата на централата во Кршко, додаде Лајнер.

По вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, нуклеарката во Кршко беше превентивно исклучена. Директорот на централата, Стане Рожман синоќа изјави дека не се утврдени никакви оштетувањеа на словенечката нуклеарна централа и нема никакво влијание врз околината.

Тој најави дека централата набрзо ќе почне нормално да работи, истакнувајќи оти е изградена да биде отпорна на многу посилни земјотреси. Нејзината безбедност е дополнително зајакната по несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година, а во случај евентуален потрес да ја загрози работата на словенечката нуклеарка таа би можела рачно или автоматски да се исклучи во рок од неколку секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот