ФОТО: Со „Фиќо“ на скијање во 2021 година – Србин тргнал на Јахорина со 37 години стариот „миленик“

Фото: Јована Квржиќ

Никола Раѓеновиќ од Нови Сад се одлучил на невообичаен потфат. Тој, со своето „милениче“, 37 години старото „Фиќо“, возел 300 километри до зимскиот туристички центар Јахорина во Босна и Херцеговина, по снег и планински превои.

Снег го пречекал и во живописниот зимски центар, но не го попречил во потфатот за кој се подготвувал цели шест години, пишува порталот „Бука“.

Фото: Јована Квржиќ

Приказната за „Фиќото“ и неговиот сопственик на Фејсбук ја сподели Јована Квржиќ.

„Ја имав таа чест да почувствувам зошто автомобилите се возат, а „Фиќото“ се сака“, вели таа.

Фото: Јахорина.инфо

Јована објаснува дека Никола го добил жолтото „Фиќо“ на подарок од родителите за роденден. Окер-нијансата е неговата оригинална, а симпатичниот автомобил е првпат регистриран токму на денешен ден – 6 декември 1984 година, последната во која се произведувал моделот „Застава 750 Лукс Елегант“.

На Раѓеновиќ му требале шест години за да го доведе „Фиќото“ во состојба да може да преминува поголеми растојанија без да стравува дека некаде „ќе му застане“.

Фото: Јована Квржиќ

Тој вели дека секогаш постои страв дека овој вистински „олдтајмер“ ќе се измори, а веќе и нема многу мајстори кои знаат да го поправаат. Но, како што поминува времето, вредноста на „Фиќото“ расте, затоа што има сѐ помалку примероци на култниот југословенски автомобил кои се во возна состојба.

„Како семејство од четворица луѓе можеле да се стокмат во оваа кола сосе багаж, никогаш не ми било јасно, сѐ додека денеска, без мака не нѐ собра тројца, сите високи скоро по два метра. Куферите и скиите на покривот и тоа е тоа“, пишува Јована Квржиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот