unsplash

ФОТО | Снимена ајкула што ретко се појавува во Медитеранот

Тивките заливи на Мајорка и мирното тиркизно море што ги привлекуваат туристите со децении се само едниот дел од приказната. Под површината на Балеарското Море, како што покажуваат најновите научни истражувања, се крие многу покомплексен и древен свет отколку што може да се забележи на прв поглед.

Тим истражувачи од фондацијата „Save the Med“ неодамна регистрираше редок примерок во водите кај Кабрера – мал, заштитен остров јужно од Мајорка.

За време на подводните испитувања била снимана ајкула долга околу пет метри, припадник на видот Hexanchus griseus, пренесува германски „Билд“.

Ова е прв пат овој древен морски предатор да биде документиран во водите околу едно од најпознатите шпански летувалишта, а неговото присуство се смета за показател дека делови од овој екосистем се успешно зачувани.

Откритијата од истражувањето беа презентирани оваа недела во Министерството за земјоделство, рибарство и заштита на животната средина. Станува збор за најобемната студија посветена на морските предатори во целиот архипелаг.

Кабрера, која на 1 февруари 2019 година беше прогласена за најголем национален парк во Шпанија, со што под заштита беа ставени 90.000 хектари копно и море, е препознатлива по недопрената морска природа.

Островот, оддалечен само 16 километри од брегот на Мајорка, е живеалиште на многубројни морски видови кои не можат да се сретнат секаде во Медитеранот.

Од фондацијата „Save the Med“ истакнуваат дека забележувањето на Hexanchus griseus укажува на враќање на големите морски предатори во овој регион – појава што се толкува како јасен сигнал за здрав и избалансиран морски екосистем.

За дел од туристите што ја доживуваат Мајорка исклучиво како сончево летувалиште, ова откритие доаѓа како потсетник дека под смарагдните бранови се простира сосема поинаков свет – див, древен и полн со тајни кои допрва се откриваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот