Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

ФОТО | Снежна бура ја погоди Москва, откажани се летови

Обилен снег предизвикан од средоземен циклон ја погоди руската престолнина, при што снежната покривка би можела да достигне до 20 сантиметри. Надлежните предупредуваат на можност од уривање на повеќедецениски рекорди за јануарски врнежи, додека поради временските услови веќе се откажани и одложени десетици летови. Поради најавениот силен студ, градските служби се префрлаат на засилен режим на работа.

Средоземен циклон предизвика обилни снежни врнежи во Москва, а снежната покривка денеска би можела да достигне од 15 до 20 сантиметри, приближувајќи се до рекордните вредности од 1956 година, според податоците на Рускиот хидрометеоролошки центар, пренесе „KubNews.rs“.

„Висината на снежната покривка би можела да се зголеми за 15–20 сантиметри, приближувајќи се до рекордот од 1956 година. А дневните врнежи веројатно ќе го надминат рекордот од 1976 година од 12,9 милиметри. Под знак прашање е и рекордот за дневни врнежи во јануари од 23 милиметри, поставен во 1970 година“, соопшти Хидрометеоролошкиот центар, пренесуваат РИА Новости.

Руската воздухопловна агенција Ространснадзор соопшти дека денеска на аеродромите во Москва се откажани единаесет летови поради снежните врнежи, а 48 летови се одложени повеќе од два часа.

Московскиот систем за греење денеска се префрла на засилен режим на работа поради можен пад на температурата до минус 22 степени Целзиусови, а формирани се и екипи за вонредни ситуации, објави Системот на градски услуги на Москва (КГХ) на својот Телеграм канал, пренесува ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот