ФОТО | Смел и провокативен изглед — француска актерка прошета со речиси голи гради на црвениот тепих во Кан
Француската пејачка и актерка Камелија Џордана стана главна тема на овогодинашниот Кански филмски фестивал поради нејзината смела и провокативна модна комбинација, која брзо беше етикетирана како „контроверзна“.
Препорачано
Сите очи беа вперени во неа кога се појави на црвениот тепих, по повод премиерата на филмот „Гаранс“, со речиси голи гради.
Француската ѕвезда носеше луксузна креација од дизајнерката Марина Сера. Модната комбинација се состоеше од топ направен од сребрени метални конци и кристали, под кој актерката не носеше ништо. Долниот дел се состоеше од долго здолниште со волуменски крој, во црна боја.

Со креацијата таа носеше впечатливи обетки и неколку прстени, а изгледот го надополни со ефективна шминка и фризура „мулет“.
Џордана самоуверено позираше за фотографите, а во еден момент дури и го исплази јазикот, што дополнително привлече внимание. Нејзиниот аутфит стана еден од најкоментираните на социјалните мрежи, а мислењата беа поделени. Некои ја пофалија за нејзината храброст, додека други ја критикуваа за комбинацијата, која, според нив, не беше соодветна за Канскиот филмски фестивал.


