Фото: facebook.com/Македонски тенис

ФОТО | Сара Митевска со два пехари на меѓународниот тениски ИТФ турнир во Скопје

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16 години) со два пехари го заврши настапот на Ј60 ИТФ турнирот Скопје опен 2026 што изминатиот викенд заврши на терените на ТК Југ во Скопје.

Митевска победи во двете конкуренции сингл и двојки на турнир за тенисери и тенисерки до 18 години.

Во финалниот меч Митевска (втора носителка) со пресврт ја совлада првата носителка Ема Чладова од Чешка со 2-1 во сетови (46 64 63). Митевска на убедлив начин стигна до финалниот меч, откако во првото коло беше слободна, потоа ја совлада Александра Заплава (Полска) со 2-0 во сетови (61 и 62), а во третото коло беше поуспешна од Милиана Јурева од Русија со 2-0 (60 и 61).

Во четвртфиналето ја победи Софи Мотлова (Чешка) со 2-0 во сетови (75 и 62), а во полуфиналето ја победи Софија Велстед од Данска со 2-0 во сетови (63 и 60).

Во конкуренција на двојки Сара Митевска заедно со Нина Тепиќ од Србија како први носителки во финалето во неизвесен меч ги победија Чладова и Мотлова со 2-1 во сетови (36 63 и 10-7 на поени).

Кај момчињата победи Павле Стоиљковиќ од Србија, а тој заедно со Вук Пантиќ Црнцевиќ победија и во конкуренција на двојки.

Фото: facebook.com/Македонски тенис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот