ФОТО | Руската инфлуенсерка ја исече ташната на „Шанел“ во знак на протест, па си купи нова

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Руската манекенка, претприемачка и инфлуенсерка Викторија Боња (42),  уништи чанта на „Шанел“ на почетокот на руската инвазија на Украина, а сега објавила фотографија на која го носи истиот модел. Очигледно одлучила да купи нова, а многумина поради тоа ја нарекоа лицемерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VICTORIA BONYA (@victoriabonya)


– Ако Шанел не ги почитува своите клиенти, зошто ние мора да го почитуваме „Шанел“? – порача Викторија Боња во видеото пред да ги земе индустриските ножици и да ја преполови црната чанта „Шанел“. „Збогум“, им рече таа на своите 9,1 милиони следбеници на платформата додека ја фрлаше торбата настрана.

„Лицемерка“, „Тоа сигурно е кинеската верзија на чантата, штом така си ја пресекла“, „Гледаме дека сакаш да лажеш“, „Твојата чантичка воскресна“, ѝнапишале нејзините гневни следбеници во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VICTORIA BONYA (@victoriabonya)


Викторија е само една од неколкуте руски инфлуенсерки кои се снимија како си ги сечат чантите „Шанел“ во знак на протест против забраната за купување артикли од францускиот луксузен бренд. Инаку, по затворањето на своите продавници во Русија, „Шанел“ престана да ги продава своите производи на луѓе кои имаат намера да ги однесат во Русија, што руските клиенти го сфатија како русофобија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VICTORIA BONYA (@victoriabonya)

ВИДEO | Бојкот на брендот: Збеснати богати Русинки сечат Шанел ташни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот