ФОТО | Ријана се појави без градник, принцот Чарлс не го тргна погледот од пејачката
Пејачката Ријана (33) се појави на свечена церемонија на која Барбадос беше прогласен за република, со што и официјално беше завршено владеењето на британската кралица Елизабета Втора во таа земја.
Препорачано
View this post on Instagram
На свечената церемонија присуствувал и принцот Чарлс, кога било симнато знамето на британската монархија, а Сандра Мејсон ја положи заклетвата како прв претседателка на Барбадос.
По тој повод Ријана ја доби една од најголемите почести на таа земја, имено беше прогласена за херој на нацијата, а Сандра Мејсон меѓу другото ѝ порача:
„Продолжи да блескаш како дијамант…“
Пејачката за оваа свечена пригода облекла портокалов фустан од лесен материјал под кој јасно се гледале контурите на нејзиното тело, а особено градите, со оглед на тоа што Ријана не носела градник.

Пејачката веќе неколку години се залага за природен изглед, па се чини дека ниту ваква свечена церемонија не може да ѝ наметне кодекс на облекување.

Ниту принцот Чарлс не останал имун на убавините на Ријана, па фотографот „уловил“ неколку погледи на принцот Чарлс упатени кон градите на Ријана.


