Ријана прогласена за национален херој на Барбадос

ријана барбадос национален херој
Фото: EPA-EFE/BARBADOS TODAY HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Ријана е почестена како дел од прославата околу стекнувањето независност и  станувањето република на Барбадос.

Новоизбраната претседателка Сандра Мејсон ќе стане шеф на државата откако земјата минатата година објави дека ќе ги укине врските со монархијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nkonkonsa.com (@nkonkonsa)

Ријана присуствуваше на прогласувањето на републиката и церемонијата на инаугурација на Мејсон во нејзиниот роден град Бриџтаун на 30 ноември.

„Продолжите да сјаете како дијамант и да ѝ носите чест на Вашата нација со Вашите зборови, со Вашите постапки и да оддавате признание каде и да го правите тоа“, рече премиерот Мотли додека ѝ ја оддаде честа на Ријана, која сега ќе биде позната под титулата „The Right Excellent“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by vidsforih (@vidsforih)

Ријана е родена во Барбадос во 1988 година и израсната во Бриџтаун, каде што живеела сè додека не ја открил американскиот продуцент на плочи Еван Роџерс како тинејџерка, а потоа се преселила во САД за да ја започне својата кариера.

Во 2008 година, на пејачката ѝ беше доделена амбасадорска улога на културата на Барбадос. Една деценија подоцна, во 2018 година, Ријана беше именувана за вонреден и ополномоштен амбасадор на нејзината матична земја, улога која вклучува промовирање на образованието, туризмот и инвестициите.


Минатата година, кога владата на Барбадос објави дека планира целосно да го остави своето „колонијално минато“ во 2021 година со тоа што ќе стане република, обожавателите на шега побараа Ријана да ја замени кралицата Елизабета Втора на чело на државата.

Во септември, Ријана им порача на фановите да очекуваат поинаков звук од пејачката кога таа конечно ќе го издаде својот долгоочекуван деветти албум, продолжение на „Anti“ од 2016 година.

„Нема да го очекувате тоа што ќе го слушнете, само имајте го на ум. Што и да знаете за Ријана нема да биде она што го слушате. Навистина експериментирам, а музиката е како мода, треба да можеш да свириш, јас треба да можам да носам што сакам и ја третирам музиката на ист начин. Значи, се забавувам и ќе биде сосема поинаку “, изјави пејачката додека го промовираше нејзиното последно шоу на „Savage X Fenty“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FENTY🏛JOINT (@fentyjoint)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот