ФОТО | Работен логор или здрава навика? Зошто децата во советските градинки спиеле надвор на минус 10 степени

Иако не можеме а да не се затрепериме додека ги гледаме фотографиите, тоа било вообичаена практика во советските градинки. Децата спиеле надвор и летo и зима!

Дали спиењето надвор било опасно за децата?

Новинарите од порталот „Russia Beyond“ проучувале документ од 1985 година насловен „Санитарни правила и прописи за градинките“. Тој бил одобрен од највисоките медицински власти на СССР.

Испаднало дека советските детски институции имале јасен став дека децата треба да имаат постојан пристап до свежиот воздух. И тоа и на температури кои биле многу под нулата.

Тоа била вообичаена практика, а денес ваква глетка може да се види само во скандинавските земји.

Прописите налагале просториите на градинката да се проветруваат најмалку два пати на ден, а децата редовно да шетаат и играат надвор. Вработените во градинката внимавале децата да бидат топло облечени, но без претерување: зимските капути беа задолжителни само ако температурата падне под минус 4 степени Целзиусови.

Меѓутоа, во овие „санитарни правила и прописи“ нема информации за спиење надвор.

Работен логор или здрава навика?

Сепак, има многу фотографии од деца кои спијат надвор. Има и голем број интересни коментари на оваа тема од луѓе кои се доволно стари да се сетат на својата младост во СССР.

Една од најважните задачи на првата советска влада била да ги спречи масовните епидемии, вклучително и туберкулозата, а од почетокот на 1930-тите, во клиниките за туберкулоза работеле повеќе од 25.000 лекари; до 1957 година, повеќе од 130 милиони луѓе во СССР биле вакцинирани против туберкулоза.

Но, суштината на борбата против епидемијата била секојдневната хигиена, пропагирана во градинките низ СССР.

Свежиот воздух бил неопходен за добро здравје. Дел од пропагандата бил и фактот дека здравјето на првите императори од династијата Романови било толку лошо затоа што поголемиот дел од животот го поминувале во нивните одаи, ретко дишејќи свеж воздух, особено кога биле деца.

Спротивно на тоа, советските деца поминувале многу време надвор.

Корисникот  matros_kruzhkin, кој поминал една година во санаториум против туберкулоза помеѓу 1959 и 1960 година, напишал: „Многу добро се сеќавам на овие дремења на отворените веранди, дури и во зима. Ни ѕиркаше само носот за да можеме да дишеме. Дури оние кои сѐ уште не одеа беа изнесувани надвор и ставани во топли ќебиња. Просториите се грееа на шпорети на дрва. Во лето, децата спиеја на верандите и терасите“.

Еден корисник на DuraLen се сеќава дека во 1980-тите „целата група во градинка одела надвор само по гаќички, додека ги полевале со вода од црева.

Меѓутоа, за некои деца овој режим не бил нималку пријатен, па постојат и коментари како: „Никогаш нема да го заборавам ова, тоа беше како работен логор“, напиша корисникот по име barbosiara.

„Во овие вреќи за спиење не можеше да мрднеш ниту сантиметар, а јас не можев да издржам нешто толку цврсто. Кога полудував од бес, проклетата воспитувачка од градинката само уште повеќе ме стегнуваше.“

Имало многу работа за воспитувачите. Корисникот „eliabe_l“, роден во Москва во 1950-тите, се сеќава: „Тие мораа да ги стават децата во вреќи за спиење, потоа да ги извадат на терасата и ширум да ги отворат прозорците од градинката. По еден час дремење, сè мораше да се врати внатре. И тоа беше обична градинка, а не елитна институција. Секое утро сите деца ги прегледуваше лекар и ако некој беше настинат, го испраќаа дома“.

Санитарните норми пропишувале спиење надвор ако температурата била над минус 10 степени Целзиусови.

spavanje-napolju-0386946703.jpg
Фото: Профимедиа

„Се сеќавам дека ме ставија во јоргански „коверти“ по ручекот и нè изнесуваа надвор на спиење. Спиевме на многу широки маси. Сакав да лежам и да гледам како лисјата од јавор паѓаат наесен или како сениците скокаат на голите гранки во зима. И секогаш близу нас седеше учителка, облечена во капут и ги стискаше замрзнатите прсти, гледајќи нè одвреме-навреме под веѓите. Тогаш цврсто ги затворав очите и се преправав дека спијам“, заклучи корисникот по име Олк.

Сè на сè, тоа било искуство кое на многу луѓе им оставило многу силни сеќавања. Многу луѓе ја задржале оваа навика да спијат надвор или да спијат со отворени прозорци, дури и во најстудените периоди од годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот