ФОТО: Првиот тренинг на македонската репрезентација во Букурешт

/Фото: ФФМ

Најдобрата македонска репрезентација предводена од селекторот Игор Ангеловски е целосно фокусирана на дебитантскиот настап на Европското првенство.

Денеска отпатуваа „црвено-жолтите“ за Букурешт каде што веќе се наоѓаат и го имаа првиот тренинг пред натпреварите од групата „Ц“.

Како што е веќе познато, нашите најдобри фудбалери првиот меч во романскиот главен град ќе го имаат на 13 јуни од 18.00 часот против Австрија.

Репрезентативците имаа срдечен пречек од домаќините кои како и многупати претходно, и сега нагласија дека на Европското првенство ќе навиваат за Македонија.

Да додадеме уште дека во Букурешт на 17 јуни од 15.00 часот ќе играме против репрезентацијата на Украина, а на 21 јуни од 18.00 часот против Холандија во Амстердам.

Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ

Водич за навивачите за натпреварот Австрија – Македонија: Без нараквица нема влез на стадион

Ќириќ: Со среќа момци, Македонија на Европското првенство може да биде пријатно изненадување!

ФОТО: Премиерот Заев им посака среќа на репрезентативците пред заминувањето за Букурешт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот