Водич за навивачите за натпреварот Австрија – Македонија: Без нараквица нема влез на стадион

epa09158708 A Romanian TV journalist woman takes a snapshot with the UEFA EURO 2020 Trophy and the official mascot during a presentation ceremony held at National Arena stadium in Bucharest, Romania, 25 April 2021. Bucharest is one of the host cities of the UEFA EURO 2020, which was postponed one year due to Covid-19. EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Натпреварот од групата Ц се игра во недела на 13. јуни 2021 година во 19:00 часот на Националната арена во Букурешт. Преземете ја апликацијата Билети за мобилни телефони (iOS / Android) и проверете го Вашиот билет.

Ако сте вакцинирани, сте поминале КОВИД-19 или сте биле негативни на тест 72 часа пред натпреварот, одете во акредитираните медицински центри и земете ја нараквицата за пристап.
Нараквицата може да ја набавите почнувајќи од сабота, 12 јуни, во 8:00 часот од еден од наведените медицински центри. Постапката за верификација ќе ве чини 5 леи (еден леу е 12.5 денари). Ако немате докази за имунизација против КОВИД-19, одете брзо во еден од акредитираните медицински центри. Може да се тестирате почнувајќи од Сабота, 12 јуни, од 16:00 часот до времето на натпреварот.

Имајте во предвид дека сепак мора да бидете присутни на стадионот одредено време пред натпреварот – оваа информација е прикачена на билетот. Постапката за тестирање ќе ве чини 40 леи. Ако сте тестирани негативни, ќе ја добиете нараквицата за пристап. Ако имате позитивен тест, не можете да одите на натпреварот, не ја добивате нараквицата, но може да го пренесете билетот преку апликацијата на пријател, кој мора да ја набави нараквицата. Дојдете на стадионот со 3-те потребни предмети: билет, нараквица и личен документ за идентификација. Во спротивно, нема да можете да влезете.

Внимавајте на времето за пристап на стадионот означено на билетот. Така ќе избегнете метеж на влезот и во транспортните средства. Не доаѓајте со багаж поголем од димензиите на лист А4. Исто така, нема да ви биде дозволено да влегувате со чадори, храна или пијалоци.

Видео камерите и професионалните фотоапарати не се дозволени на стадионот. Штом ќе дојдете на портата на стадионот, носењето маска е задолжително се додека не заминете по завршувањето на натпреварот. Носете резервни маски во случај да се оштети првата. Само хируршките или FFP маските се прифаќаат, а не оние направени од друг текстил.

Во внатрешноста на стадионот ќе можете да купите вода, сокови и сендвичи. Храната може да се конзумира само на местата распоредени во близина на продажните места. Ќе можете да влезете на трибините само со пијалоци. Моментите кога јадете или пиете се единствените кога не носите маска.

Во спротивно, маската е задолжителна и мора да ги покрие устата и носот. Алкохолот не е дозволен на стадионот. Дезинфицирајте ги рацете секогаш кога имате можност. На стадионот ќе најдете диспензери со средства за дезинфекција – користете ги! Вие го правите тоа за Ваша лична заштита. Држете го своето место наведено на билетот.

Дизајниравме систем за дистрибуција на билети за да обезбедиме растојание што Ве штити од ризик да добиете КОВИД-19. Не ја компромитирајте оваа безбедносна мерка, таа е за Вашето здравје. На крајот од натпреварот, не правете метеж. Обезбедени се доволни одливи за да не настане метеж. Волонтерите се таму за да ве водат кон излезот. Ако сте ги испочитувале сите епидемиолошки мерки откако дојдовте на стадионот, не ги откажувајте на крајот со преполнување на портите. Ќе ги сретнете волонтерите низ целиот стадион, од моментот кога ќе влезете додека не заминете.

Тие се таму за да ви помогнат, да ве водат. Волонтерите го прават ова за Ваша погодност, тие не се платени за нивната работа. Им благодариме, им благодариме и ним!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот