ФОТО | Позната британска актерка итно хоспитализирана: Со солзи во очите ја сподели веста од болничкиот кревет

Фото: EPA / Instagram

Познтата британска актерка Кејт Бекинсејл објави неколку фотографии по повод Денот на мајката во Велика Британија. Но, на разочарување на нејзините обожаватели, заедно со фотографиите од нејзината мајка, Џуди Лоа, таа објави и фотографии од неа кои се направени во болница.

Имено, актерката објави фотографии како лежи во болнички кревет со солзи во очите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Среќен роденден и Денот на мајката во Велика Британија на мојата неверојатна мајка. Им благодарам на оние кои нè сакаат и поддржуваат кога животот е глупост и се обидуваат да се погрижат некои делови да не се (глупости)…И се појавуваат кога сме болни и седат со нас“, напиша таа, без дополнително да објасни зошто завршила во болница.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Во описот на фотографиите таа ѝ се заблагодари на својата мајка и што се грижи за нејзините кучиња кога таа не може да го стори тоа.

„Ти благодариме што се грижиш за кучињата кога не можеме, и што нè натера да се сеќаваме на добрите работи кога не можеме…Толку си инспиративна и убава. Те сакам“, додаде таа.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Обожавателите се загрижени за болничките фотографии и се збунети бидејќи актерката не дала објаснување за нив.

„Дали си добро? Зошто си во болница? Оздрави се наскоро“; „Се молам за оздравување без разлика низ што поминуваш“; „Испраќам голема прегратка“; „Се надевам дека си добрa“; „Што по ѓаволите правиш во болница?“, се дел од коментарите на фановите.

Меѓутоа Кејт сè уште не се огласила да ја објасни нејзината здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот