ФОТО | Портрет на Никола Пелц: Која е идната снаа на Бекамови?

Никола Пелц, Фото: Инстаграм

Буклин Бекам, синот на пош спајс Викторија Бекам и пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам, на 9-ти април ќе се ожени со Никола Пелц. Никола е ќерка на бизнисменот и милијардер Нелсон Пелц и поранешната манекенка Клаудија Хефнер. Свадбата се очекува долго време и се планира со многу трпение од младите. Пред три дена двојката потпиша предбрачен договор.

Во очекување на свадбата на наследникот на Бекамови: Познати деталите од предбрачниот договор

Бруклин и Никола ги запознала заедничката пријателка Софија Ричи, посвоената ќерка на пејачот Лајонел Ричи. Врската на двајцата млади идни сопружници почна во октомври 2019 година, во јануари стана јавна, за во март да почнат заедно да живеат во Њујорк.

Портрет на Никола

Никола Пелц е четири години постара од Бруклин. Дваесет и седум годишната Никола е најмлада од осумте деца, шест синови и две ќерки на американскиот милионер Нелсон Пелц, кој се занимава со инвестиции, а неговото богатство се проценува на 1,7 милијарди долари, па за него семејството Бекам со богатството вредно 450 милиони долари се „ситни риби“.

Никола Пелц, Фото: Инстаграм

Инаку, семејството на актерката поседува голем број имоти. Сопствениците се вили во малото гратче Бедфорд во предградието на Њујорк, инаку омилен дел од западниот брег на сите ѕвезди и милијардери, кој има дури 27 спални соби.

ФОТО | Финансиер со билиони и манекенка: Кои се родителите на Никола Пелц, идната снаа на Бекамови?

Лоша репутација во Холивуд

Таа пораснала во Њујорк, каде посетувала часови по глума. Нејзината прва улога беше во комедијата „Deck the Halls“ во која го отелотвори ликот на Мекензи. Таа подоцна се појави во спотот за песната „7 Things“ од Мајли Сајрус, а исто така глумеше и како ликот на Катара во „The Last Airbender“. Никола глуми и во филмови како „Transformers: Age of Extinction“, „Our house“ и „Holidate“. И покрај остварените филмски улоги, Никола има лоша репутација во Холивуд, барем според написите на медиумите.

Никола Пелц, Фото: Инстаграм

Во интервјуата истакнувала дека во детството била „машкуданка“ и сонувала да стане професионална хокеарка. Но тие соништа биле заборавени кога на 12 години се запишала на часови по глума, со што на еден начин си го трасирала патот кон својата идна професија.

Романтична историја

Пред да ја започне врската со најстариот син на Бекамови, Никол била вљубена и во Џастин Бибер, со кого беше во врска во 2016 година. Но врската не траше долго. Потоа, таа беше со братот на Бела и Џиџи Хадид, Анвар Хадид. Беа заедно една година, а откако бил снимен како се бакнува со Кендал Џенер, Никола Пелц веднаш го оставила.

Во Холивуд е позната под прекарот „холивудската злобна девојка“, а многу нејзини колеги сметаат дека е таква бидејќи во животот сѐ ѝ било овозможено бидејќи е ќерка на милијардер.

Овој прекар го добила откако Бела Торн за Никола во едно интервју изјавила:

„Таа е во бизнисот и многу, многу е злобна. Се трудам да се држам што подалеку од неа, дури не ја ни поздравувам. Нејзините браќа и сестри не се злобни како неа. Само таа е таква. Една од причините поради кои не ја сакам е што пораснала во богатство и никогаш не морала ништо да работи“.

ФОТО | Бекамови се подготвуваат за свадбата на Бруклин и Никола: Откриени се детали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот