Во очекување на свадбата на наследникот на Бекамови: Познати деталите од предбрачниот договор

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Бруклин Бекам, наследникот на славниот фудбалер и модната дизајнерка наскоро ќе го изговорат судбоносното „да“.

Најстариот син на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, Бруклин Бекам (23) ќе се венча со својата вереница Никола Пелц на 9-ти април, а сега испливаа и некои од деталите од оваа раскошна свадба.

Кум на младоженецот наводно требало да биде музичарот Елтон Џон, но поради својата музичка турнеја нема да бил во можност да присуствува на настанот. Имено, меѓу гостите ќе бидат славниот готвач Гордон Ремзи, кој претставува вистински пример за Бруклин, сите членки на поранешната група „Спајс Грлс“, актерката Ева Лонгорија, синот на Мадона, Роко Ричи и уште неколку славни лица кои се семејни пријатели со Бекамови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynbeckham


Како што е веќе познато младоженецот за кумови ги земал своите браќа, Круз и Ромео, а Никола својот брат и поранешен хокеар Бред. Деверуша ќе биде бабата на Нилоа Пелц, а познато е и дека невестата ќе носи венчаница од италијанската модна куќа „Валентино“. По официјалниот обред таа ќе се пресоблече во друг фустан кој наводно ќе го креира нејзината идна свекрва Викторија Бекам.


Додека Викторија ќе биде задолжена за креирање на комбинации, помладата сестра на Бруклин, Харпер и тетката на Дејвид имаат важни улоги на венчавката. Харпер ќе биде деверуша, а Дејвид ќе биде задолжен за говорот. Венчавката ќе биде на раскошниот имот на таткото на Никола на Флорида, и тоа во склад со еврејската традиција.

„Имотот на таткото на Никола е совршен за свадбени церемонии. Покрај раскошната вила со 27 спални соби има и базен, пространи градини и сликовит поглед на море“, наведува изворот.

На сите присутни лица ќе им биде забрането користењето на мобилни телефони, како и вклучувањето на социјалните мрежи, а првите фотографии од невестата и младоженецот ќе ги добие престижниот магазин „Вог“.

Синот на Бекам ќе има строги правила на венчавката: Гостите без мобилните телефони!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynbeckham

Главните вести кои ги очекува светот изгледа се вратат околу финансиите. Токму овие вести за предбрачниот договор доаѓаат во момент кога се подготвува церемонијата од венчавката која ќе чини 3 милиони фунти во семејната вила на Пелц во Палм Бич на Флорида. Како што велат изворите, и двете страни инсистирале да постои пребрачен договор, кој нема да вклучува ригорозни правила, туку ќе се однесува само на семејните финансии. Предуслови од типот на тоа колку деца треба има парот за да наследи дел од семејните богатства нема да бидат вклучени. Исто така договорено е Бекамови да го покријат трошокот за свадбената церемонија, а таткото на Никола ќе им подари луксузни подароци на младенците кои ќе им помогнат да го основаат семејното гнездо.

Предбрачните договори се подготвени за да се заштити богатството на младиот Бекам, кој тежи 380 милиони фунти, но и неговата уште побогата свршеница Пелц. Имено, Николa е ќерка на Нелсон Пелц, чие богатство достигнува и до 1,3 милијарди фунти, пишува „Daily Mail“.


Да се потсетиме, Бруклин и Никола започнаа да се забавуваат во 2019 година, а само една година подоцна, во јули 2020 тие ја објавија веридбата и оттогаш не престанаа да предизвикуваат интерес со нивната венчавка.

„Пред две недели ја запрашав сродната душа дали сака да се омажи за мене и таа се согласи. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобриот сопруг и еден ден најдобриот татко“, објави Бруклин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот