ФОТО | Финансиер со билиони и манекенка: Кои се родителите на Никола Пелц, идната снаа на Бекамови?

Никола Пелц, Фото: Инстаграм

Синот на Дејвид Бекам, Бруклин на 9-ти април ќе се ожени со својата вереница Никола Пелц. Свадбата се очекува долго време и се планира со многу ентузијазам од страна на двете семејства. Пред два дена двојката потпиша предбрачен договор. Бекамови ретко кој не ги знае и важат за влијателно семејство, но кое е семејството на Никола?

Нејзиниот татко, Нелсон Пелц е американски финансиер чие богатство, според Форбс, се проценува на 1,7 милијарди долари, што е приближно три пати повеќе од имотот на семејството Бекам.

Во очекување на свадбата на наследникот на Бекамови: Познати деталите од предбрачниот договор

Нелсон постепено ја развивал својата кариера. Најпрво работел како доставувач во семејната компанија за дистрибуција на храна „A. Peltz & Sons“, а потоа самиот основал компанија за замрзната храна. Има инвестирано и во многу други компании.

Тој е исто така основач на „Trian Fund Management“, заедно со Питер Меј и Едвард П. Гарден. Тоа е алтернативен фонд за управување со инвестиции со седиште во Њујорк. Има имот во Палм Бич, Флорида и Њујорк, а оженет е со мајката на Никол, Клаудија. Претходно, Нелсон бил во брак три пати.

Клаудија Пелц е поранешен модел. Никола често на социјалните мрежи објавува фотографии со нејзината мајка, иако Клаудија не е дел од социјалните мрежи и си ја одржува приватноста.

Никола има тројца браќа и една сестра: Бред, Вил, Метју и Британи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bradley G Peltz (@bradleygpeltz)

ФОТО | Бекамови се подготвуваат за свадбата на Бруклин и Никола: Откриени се детали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот