ФОТО | Бекамови се подготвуваат за свадбата на Бруклин и Никола: Откриени се детали

Бекамови, Фото: Инстаграм

Најстариот син на Бекамови, Бруклин ќе се жени за актерката Никола Пелц. Венчавката е на 9 април и ќе се одржи во вилата на милијардерот Нелсон Пелк (79), татко на невестата, во Палм Бич, Флорида. Вилата се наоѓа покрај море и има 27 соби. Познато е и дека меѓу гостите ќе бидат манекенката Џиџи Хадид, дизајнерката Никол Ричи, готвачот Гордон Ремзи и други познати личности.

„Создаваме посебни спомени. Плановите за венчавката се во тек, а родителите се облечени и подготвени“, напиша Бекам на неговиот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Двојката се отвори за големиот ден во изминатите неколку месеци, при што неодамна открија за „Вог“ дека тоа ќе биде еврејска венчавка, а Бруклин ќе носи јармулке(традиционална капа).

„Целосна подготовка за венчавката е многу забавна. Чудно е, бидејќи колку повеќе свадбени состаноци имаме, толку повистинито делува. Уште е нереално, на некој начин. Возбуден сум. Ќе носам јармулке“, рече Бруклин.

Познато е дека Никол ќе носи фустан од врендот Валентино, дизајниран од Викторија Бекам.

Објаснувајќи го нивниот свадбен викенд подетално, Никола продолжи:

„Значи, во петок навечер, Бруклин ќе остане со татко ми, моите браќа, а потоа и неговиот татко и неговите браќа и ќе има ергенска забава. И јас ќе одам на моминска со девојките. Значи, од вечерта во петок навечер, нема да се видиме додека не се венчаме попладнето. Нè фати паника поради тоа, ноќта што треба ја поминеме разделени“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynbeckham

Никола исто така откри дека нејзината сакана баба ќе ја преземе улогата на главна деверица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот