ФОТО | Порасна синот на Бени Шаќири, доби емотивна честитка за роденден од татко му
Синот на Бени Шаќири прослави роденден, а музичарот и директор на Младинскиот културен центар му го честиташе со емотивни зборови.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Среќен роденден, Бен. Тато те сака повеќе од себеси“, напиша Арбен Бени Шаќири на социјалните мрежи.
Со сопругата Лиса Баута Шаќири, Бени има два сина. Бен наполни 12 години, а постариот Мик – 14.
Инаку, Бен учествуваше на шоуто „Албанија има талент“, а деталите ги објавија гордите мајка и татко на нивните профили на социјалните мрежи.
Видео од Бен како свири гитара прво објави Лиса Баута Шаќири, велејќи дека нејзиниот син, наместо да свири гитара, ја оставил душата на сцената. Бени Шаќири потоа се пошегува: „На мајка му е цел“, споделувајќи го видеото.
Бен, кој е тинејџер и го има наследено талентот од татко му, има големи шанси да стане успешен рок-музичар, според видеото кое е објавено на Јутјуб.
„Јас сум емотивец, затоа ќе бев добар и ако бев помлад. Плус, ќе бев помалку нервозен. Сега трката за егзистенција ме направи малку нервозен. Но, не можам да легнам навечер ако не ги бакнам децата. Или наутро да ги разбудам нежно, да не им правам стрес од будењето“, изјави Бени Шаќири во едно интервју за „Слободен печат“.
ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Бени Шаќири: Сите наши деца, кои ги познавам или не, ми се главна водилка и мотив


