Џејмс Ван Дер Бик и Хедер Мекомбс/Фото: AFF/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | Поранешната сопруга на Џејмс Ван Дер Бик се омажи три месеци по неговата смрт

Актерката Хедер Мекомб се омажи за Скот Мајкл Кемпбел на церемонија одржана во Мисула, Монтана. Венчавката се одржа три месеци по смртта на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џејмс Ван Дер Бик, најпознат по улогата на Досон Лири во серијата „Досонс Крик“.

Хедер Меккомб ја сподели веста на Инстаграм, каде што објави фотографии од венчавката и им се заблагодари на семејството и пријателите кои дошле да го прослават денот со неа и со нејзиниот нов сопруг. Актерката порача дека таа и Кемпбел се пресреќни и благодарни за љубовта и поддршката што ја добиле.

 


Хедер Мекомб и Џејмс Ван Дер Бик беа во брак од 2003 до 2010 година. По разводот, тие останаа во добри односи, а неговиот претставник тогаш изјави дека разделбата била пријателска.

Ван Дер Бик почина на 11 февруари на 48 години, по борба со ракот на дебелото црево во третиот стадиум. Освен по серијата „Досонс Крик“, публиката го памети и по неговите улоги во проектите „Varsity Blues“, „One Tree Hill“ i „CSI: Cyber“.

По неговата смрт Хедер Мекомб се збогува со него со емотивна објава на Инстаграм. Таа напиша дека срцето ѝ е скршено поради неговото заминување и изрази сочувство до неговата сопруга Кимберли и нивните деца. Таа го опиша Ван Дер Бик како топла, талентирана и скромна личност која го сакала своето семејство.

Џејмс Ван Дер Бик и Хедер Мекомбс/Фото: AFF/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Актерот зад себе ги остави сопругата Кимберли и нивните шест деца: Оливија, Џошуа, Анабел, Емилија, Гвендолин и Џеремаја. Кимберли по неговата смрт порача дека последните денови ги поминал со храброст, вера и достоинство.

Хедер Мекомб е позната по улогите во сериите „Реј Донован“, „Настанот“ и „Американски жиголо“. По венчавката, таа им се заблагодари на сите што учествуваа во организацијата на прославата, истакнувајќи дека тој викенд ќе остане посебно сеќавање за неа и за нејзиниот сопруг.

ВИДЕО | Џејмс Ван Дер Бик проговори за битката со ракот: Ми ги одзеде сите улоги што ги имав во мојот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот