ФОТО | Почина Петар Тутовац, човекот што ја донесе најпопуларната бисквита „Плазма“ во животот на многу генерации

Петар Тутовац/Фејсбук
Петар Тутовац/Фејсбук

Креаторот на популарната „Домаќица“ и еден од авторите на рецептот за бисквити „Плазма“, Петар Тутoвац, почина на 88-годишна возраст, пренесоа балканските медиуми.

Роден во БиХ, Тутoвац во 1949 година се пријавил на курс за правење бисквити што го распишала фабриката „Краш“ од Загреб и станал првиот школуван изработувач на бисквити во земјата.

Иако на твитер се „спори“ и има безброј коментари како всушност, оригиналната бисквита е со италијанско потекло, а југословенската верзија е адаптирана, сепак овој бисквит е незаменлив дел од една голема слика на детството на многу генерации.

Зарем може да се замисли роденденска торта без овој бисквит во рецептот?
Зарем може да се замисли било какво одење на гости без култните „Домачица“ за подарок?

Мислам дека не.

Тутовац подоцна во животот се вработил во „Краш“, а неговиот прв оригинален производ била „домаќица“, која всушност била негов дипломски труд. Колачињата „Домаќица“ подоцна доживеаја разни варијации, но основата останала токму онаква како што замислил Тутавац во неговата дисертација во 1950-тите. Не постои слава, роденден, било каква семејна пригода без овие симболични колачиња.

Врвот на кариерата го достигнал во Пожаревац, каде што ја основал фабриката „Бамби“ и бил еден од креаторите на рецептот за „плазма“. Пазарот за овие бисквити наречен и „Лане“ беше симбол на бившата Југословенска република, секојдневна навика и едноставно дел од животот на сите генерации љубители на овој незаменлив бисквит.

Петар Тутовац/Фејсбук
Петар Тутовац/Фејсбук

Самиот Петар за својот рецепт изјавил во една прилика:

„Тоа беа други времиња, кога знаењето не се криеше, туку се споделуваше. Сите мои рецепти и производи се правеа под името на ‘Бамби‘. Секогаш мислев дека сето тоа е на народот, така што се зајакнува социјалната сила и угледот на нашата земја на домашниот и светскиот пазар. Тоа беа времиња кога важеа некои други правила и односи меѓу луѓето. Добро ми е вака, јас сум среќен човек“, изјави тој во своето последно интервју за Слободна Далмација.

Во негова чест, одам да си направам попара од „Плазма“ со млеко.

Слава му!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот