ФОТО+ВИДЕО | Планински рај на 1.638 метри надморска височина до кој е забрането да се стигне со автомобил

Фото: Wikimedia Commons

Мурен зафаќа околу 10,5 квадратни километри на Бернските Алпи во Швајцарија. Тоа е живописен град со прекрасен поглед на околината и три планини – Ајгер, Менч и Јунгфрау.

Иако се наоѓа во подножјето на планинскиот врв Шилторн на надморска височина од 1638 метри, до него е забрането да се стигнува со автомобил. Во Мурен е забрането возење со лични возила, па така четиристотините жители на овој планински рај и нивните гости одат насекаде – пеш или со велосипед, пишува „Пункуфер“.

Туристите и жителите на Мурен на раполагање имаат жичара што води од правец на Лаутербрунен и Стечелберг, до кои обично се стигнува со воз. Доколку сепак имате намера да го посетите овој дел од Швајцарија со вашиот автомобил, ќе мора да го паркирате на споменатите места (и да платите за тоа!) пред да го продолжите патувањето до Мурен.

Фото: Wikimedia Commons

Во потоплиот дел од годината, бегство од летните горештини се бара во Мурен, а во текот на зимата има скијање на околу 52 километри долги скијачки патеки во областа. Затоа, не е чудно што градот е популарен меѓу туристите во текот на целата година, ниту што може да се најдат голем број хотели на релативно мало место.

Во градот ќе најдете и центар со голем базен и други спортски објекти кои ќе ги воодушеват љубителите на активните одмори.

Згора на тоа, Мурен е популарен и меѓу љубителите на серијалот филмови за Џејмс Бонд . Многу обожаватели на тајниот агент застануваат пред да одат со жичарницата до врвот на Шилторн до ресторанот Пиз Глорија на 2.970 метри надморска височина, каде што е снимен филмот „On Her Majesty’s Secret Service“ од 1969 година.

Фото: Wikimedia Commons
Фото: Wikimedia Commons
Фото: Wikimedia Commons
Фото: Wikimedia Commons

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот