Владо Јаневски / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

ФОТО | Ова е мајката на Владо Јаневски, таа му беше сѐ откако како млад остана без татко му

Ретка фотографија од Владо Јаневски и мајка му Перса се објавува на социјалните мрежи. Фотографијата е исечок од старо списание, а на него е Владо со жената која му беше најголемата музичка поддршка.

Зад сцената, зад безвременските хитови и големата музичка кариера, Владо Јаневски беше човек кој длабоко го ценеше семејството. Иако ретко зборуваше за приватниот живот, во неговите искрени интервјуа секогаш се чувствуваше колку големо место во неговото срце имаа неговите родители.

Особено силна била врската со неговата мајка, Перса, жената што му била столб и поддршка и тивка сила низ животот. Тој ја споменуваше и неговата сестра и внуците, со кои беше близок, особено по загубата на родителите.

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Малкуте фотографии што останаа од нив заедно сведочат за една длабока и искрена поврзаност меѓу мајка и син.

Но, една од најголемите животни болки за него била раната загуба на татко му, загуба што оставила длабока трага и врз неговиот живот и врз неговото творештво.

Во едно од своите најискрени интервјуа, Владо откри: „Татко ми почина кога бев млад.“

Таа болка никогаш целосно не исчезнала. Постоела и песна што речиси никогаш не ја изведувал пред публика, бидејќи за него била премногу лична.

„Има една песна која ми тешко да ја пеам, многу е интимна., „Далеку е небото“. Ја напишав за татко ми, кој почина додека бев многу млад“, изјави Владо.

Вчера Македонија остана без еден од своите најголеми музички уметници. Почина пејач, композитор и автор чие име со децении беше синоним за квалитетна музика, силна емоција и безвременски хитови.

Во текот на својата богата кариера, Владо создаде песни кои станаа дел од животите на генерации. „Некогаш и негде“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „Црно тиквешко“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ и многу други композиции остануваат негов вечен музички потпис.

Токму во тоа лежеше и неговата големина, умееше личната болка, љубовта, тагата и спомените да ги преточи во музика што допира до илјадници срца.

Неговото физичко заминување остава огромна празнина, но музиката што ја создаде ќе продолжи да живее.

„Глумиме лудило дека е сѐ како што треба“: Познатите се простуваат од Владо Јаневски

„Шепни му на малиот горе дека веќе нема полско цвеќе“: Каролина, Калиопи, Џамбазов и Весна Бејби меѓу познатите кои се простија од Владо Јаневски

Интервју со Владо Јаневски: Кога веќе не сум имал среќа во љубовната лотарија, барем во песните има место за љубовта

„Си заминав од свадбата на Кaролина“: Вака зборуваше Владо Јаневски за една од неговите најблиски колешки

Љубовна приказна на Владо Јаневски — ѝ напишал песна за пет минути

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот