ФОТО | Остин Батлер и Зои Кравиц си разменуваа насмевки на црвениот тепих: Дали Холивуд добива нов љубовен пар?
Актерот Остин Батлер и актерката Зои Кравиц предизвикаа нов бран шпекулации за можна романса, откако на премиерата на филмот „Фатени во кражба“ (Caught Stealing) во Париз во четвртокот беа забележани како разменуваат погледи и насмевки на црвениот тепих.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Двајцата изгледаа опуштено и блиско еден до друг, а нивната хемија не остана незабележана од медиумите и обожавателите.
Кравиц блескаше во мини фустан во шампањ боја, додека Батлер се појави во кожени панталони и кошула.

Филмот „Фатени во кражба“ (Caught Stealing) е базиран на романот на Чарли Хастон, кој е и автор на сценариото. Батлер го игра ликот на поранешен бејзбол играч кој се вплеткува во суровата борба за опстанок во подземјето на Менхетен во деведесеттите години.
Инаку, актерите уште минатата година беа фотографирани додека се бакнуваат на сетот, еден месец пред крајот на снимањето во октомври 2024. Тогаш извор за медиумите изјави: „Нивната хемија е подеднакво силна и надвор од екранот. Остин и Зои ја држат врската далеку од очите на јавноста и сè уште немаат официјално ставено етикета на неа“.

Минатиот месец беа забележани заедно и на театарска претстава во Њујорк, но според изворите, нивното зближување не е сериозно, туку повеќе начин за забава и бегство од личните проблеми.
Кравиц во октомври минатата година ја раскина свршувачката со актерот Ченинг Татум по тригодишна врска. Токму тој наскоро започна нова љубовна приказна со австралиската манекенка Инка Вилијамс. Батлер, пак, крајот на 2024 ја прекина својата тригодишна врска со манекенката Каја Гербер. Неа пак медиумите ја поврзуваат со актерот Луис Пулман.


