ФОТО | Оди со помош на бастун, изгледа пропаднато: Нови фотографии од Алек Болдвин по операцијата на колкот

Фото: Инстаграм/ЕПА

Актерот Алек Болдвин (65) е забележан во Њујорк како повторно оди со помош на бастун по операцијата за замена на колкот.

Болдвин имаше операција на колкот пред две недели, а неговата сопруга, Хиларија Болдвин (39) на Инстаграм објави дека Алек бил опериран.


Актерот претходно на Инстаграм ги информираше своите обожаватели за здравствената состојба.

Таткото на осум деца рече дека требало да ја направи операцијата пред најмалку две години и дека целото тоа време одел кривејќи.

„Не си направив никаква услуга себеси“, додал тој, посочувајќи дека направил „компензациска штета“ на другите делови од телото, вклучително и грбот, вратот и колената.

„Беше тешко да одам кривејќи во оваа состојба, две години“, изјавил актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by News Bites By AI (@newsbitesbyai)


Инаку, Алек веќе беше подложен на операција за замена на левиот колк во 2018 година, а неодамна изјави дека немал време за втората операција поради презафатениот распоред.

„Немав четири до шест недели за на некој начин да се ограничам“, рекол актерот во шоуто „Сабота вечер во живо“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Да потсетиме, пред две години Алек го одбележа голема трагедија кога со револвер ја застрела снимателката на фотографија Халина Хачинс на снимањето на филмот „Rust“. На Болдвин наводно му било кажано дека во пиштолот немало куршуми, а потоа следеше судење на кое беше обвинет за убиство од небрежност. По две години, обвиненијата против Болдвин беа отфрлени.

ФОТО | Алек Болдвин се пофали со новиот имиџ, па веднаш „го подбраа“: 100 отсто заслужи да си во затвор сега!

Специјалната обвинителка се повлече од случајот за фаталното пукање на Болдвин

Специјалната обвинителка се повлече од случајот за фаталното пукање на Болдвин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот