ФОТО | Од светски арени до палуба на крузер – Поранешниот сопруг на Никол Кидман си најде скромна работа по скапиот развод
Се чини дека Кит Урбан тешко се носи со новонастанатата ситуација по драматичниот развод од Никол Кидман, кој со месеци ја бранува светската јавност. Славниот 58-годишен музичар не само што води изолиран живот, туку почна да прифаќа и ангажмани за кои до неодамна не би ни помислил, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што дознава американскиот магазин „Идеа, кантри пејачот Кит Урбан неодамна прифатил прилично скромна работа за неговиот калибар, настапил пред нешто повеќе од 1.000 луѓе на крузерот „Top Shelf Country“ кој плови кон Бахамите. Станува збор за американска компанија за крстарење која редовно ангажира познати ѕвезди за да ги забавуваат патниците во замена за хонорар и бесплатен престој на бродот.
Иако патниците за ова седумдневно крстарење плаќале вртоглави суми (од 6.700 до 19.000 долари), па се претпоставува дека музичар од негов ранг би можел да заработи шестцифрена сума, изворите тврдат дека Урбан воопшто не бил воодушевен. Ѕвездата која до неодамна ги распродаваше најголемите арени низ светот, сега пее на палубите на бродовите.

Работа која ги плаќа сметките
„Тоа е тип на работа што Кит лесно би ја одбил додека беше во брак со Никол Кидман. Крузерите не се баш работа од соништата, но ги плаќаат сметките и му даваат на Кит нешто на што може да се фокусира сега кога разводот е и официјално финализиран“, открива изворот.
Овој потег веднаш пкрена прашања за неговата финансиска состојба, иако неговото богатство со години се проценуваше на над 100 милиони долари. Иако тој и Никол успеаја да постигнат договор кој не вклучува алиментација (бидејќи имаа одвоени финансии), правната битка беше исклучително исцрпувачка и скапа.
„Кога во разводот е вклучен толку многу имот, адвокатите не се евтини, без оглед на крајниот исход“, додава изворот, истакнувајќи дека Урбан се труди да „нафрли насмевка“, но дека пеењето на крузери е огромна промена во однос на неговите распродадени светски турнеи.

Изолиран живот во Нешвил
Додека семејството и пријателите се собираат околу 58-годишната Никол Кидман, Урбан наводно целосно се препуштил на самотијата. Според пишувањата на „Воманс деј“, кантри ѕвездата сега води строго изолиран живот во Нешвил кога не го поминува времето со своите ќерки, 17-годишната Сандеј Роуз и 15-годишната Феит Маргарет.


