ФОТО | Ноќта пред свадбата полна со солзи: 40 години по свадбата на принцот Чарлс и Дијана Спенсер

принцеза дијана
Фото: Profimedia

На денешен ден пред точно четириесет години, се венчале принцот Чарлс и Дијана Спенсер во катедралата Свети Павле во Лондон. На спектакуларната венчавка присуствувале повеќе од 700 милиони луѓе ширум светот. Чарлс, кој е 12 години постар од Дијана, изгледал пресреќен, како и принцезата која мислела дека ќе започне совршен живот.

Односот навистина им бил среќен на почетокот. Меѓутоа, во подоцнежните години, се покажало дека бракот на принцезата Дијана и принцот Чарлс е сè, само среќен не. Меѓу нив имало неверство, едвај комуницирале во јавност и делувале незадоволни што воопшто стојат еден до друг. Скандали се ределе низ годините, се до 1996 година, кога конечно се разведиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @charles.and.diana

Од самиот почеток, (подоцна пишуваат медиумите), бракот бил осуден на пропаст. Една од главните причини била Камила Шанд, во која Чарлс бил вљубен.

Интересно е и тоа што, иако зборувале многу по телефон, Чарлс и Дијана всушност не се гледале. Се имале сретнато само 12 пати пред принцот да ја запроси. Според одредени медиуми, Чарлс бил неутешен вечерта пред венчавката и плачел цела ноќ бидејќи се мажел за Дијана, а не за Камила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @charles.and.diana

Младенците својата прва брачна ноќ ја поминале во замокот на покојниот Лорд Маунтбатен, по што пловеле по Медитеранот со кралскиот брод „Британија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @charles.and.diana

Дијана ја добила титулата принцеза од Велс, војвотка од Корнвол, војвотка од Ротези, грофица од Честер и бароница од Ренфру. Таа родила два сина, принцовите Вилијам и Хари, кои се втори и трети во редот за наследување на британскиот престол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @charles.and.diana

Како принцезата од Велс, Дијана ги презела должностите на кралски претставник во странство. Таа се здобила со огромни симпатии од јавноста за нејзината добротворна работа и поддршка за „Меѓународната кампања за забрана на мини“. Била во контакт со десетици добротворни организации, вклучувајќи ја и детската болница „Грејт Ормонд“ во Лондон, на која била и претседателка од 1989 година. Ќе остане запаметена по тоа што на телевизија допрела маж кој страда од ХИВ, со што ги урнала предрасудите дека вирусот може да се пренесе со допир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @charles.and.diana

Меѓутоа, со години принцезата била многу несреќна

За време на бракот, Дијана се борела со булимија, депресија, па дури и се обидела да си го одземе животот во неколку наврати. Во 1992 година, Ендру Мортон ја објавил книгата „Дијана: Нејзината вистинска приказна-со нејзини зборови“. Во таа книга, тој ја објавил долгогодишната врска на принцот Чарлс со Камила, која тогаш била во брак, но напишал и за проблемите на Дијана и бракот кој бил спремен да се распадне.

ФОТО: Временски приказ на љубовната врска помеѓу принцот Чарлс и Камила

Дијана, исто така, била склона кон афери

Во интервјуто што го дала на својот професор Питер Сетелен, откриени се многу тајни на покојната принцеза. Тогаш признала дека е вљубена во член на персоналот, кралскиот полицаец, Бери Манаки. Не само што бил отпуштен кога бил откриен скандалот, туку и загинал во сообраќајна несреќа во 1987 година. Дијана била убедена дека нејзиниот љубовник бил убиен.

Таа, исто така, во интервју рекла дека била кај кралицата во 1986 година за да ѝ побара помош откако дознала дека Чарлс продолжува да се гледа со Камила. Кралицата одговорила: „Не знам што треба да правиш. Чарлс е очаен“. Пред да се сретне со кралицата таа си ги пресекла вените, а за време на бременоста со Вилијам се фрлила по скалите на Бакингемската палата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hrh.princess.diana

Чарлс и Лејди Ди конечно се разведиле во ноември 1996 година. Дијана почина во сообраќајна несреќа една година подоцна, со сè уште неразјаснети околности.

Извор: „Nova.rs“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот