ФОТО: Временски приказ на љубовната врска помеѓу принцот Чарлс и Камила

камила принц чарлс
ФОТО: Инстаграм

Врската меѓу принцот Чарлс и Камила Двојката била бурна од кога првпат се сретнале пред повеќе од 50 години, до нивната славна афера, до прославувањето на 15-годишнината пред само една година, пренесува „The Mirror“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clarence House (@clarencehouse)

Војводата и војвотката од Корнвол започнале да се забавуваат во 1970 година, кога за прв пат се сретнале за време на поло меч и ја откриле нивната заедничка страст кон спортот и природата. Камила, во тоа време се шегувала иронично за тоа дека нејзината прабаба имала афера со кралот Едвард VII, велејќи: „Мојата прабаба беше љубовница на вашиот прадедо. Чувствувам дека имаме нешто заедничко“.

Двајцата биле во романтичен однос некое време пред Чарлс да замине да служи во Кралската морнарица осум месеци. Додека се вратил, Камила се свршила со Ендру Паркер Боулс, кој претходно се забавувал со сестрата на Чарлс, Ана и тие се венчале во 1973 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal_Gossip (@royalgossip2021)

Во овој период од историјата, Камила имала две деца со Ендру, Том и Лора Паркер Боулс, додека таа останала во пријателски однос со идниот крал што Чарлс станал кум на Том.Чарлс, кој во тој период имал 31 година, ја запознал дамата Дијана Спенсер, која во тоа време имала само 18 години во 1980 година, но во иднина ќе ги привлече срцата на луѓето ширум светот како принцеза на луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal_Gossip (@royalgossip2021)

Се свршиле во февруари 1981 година. Телевизиското интервју неколку недели подоцна е славно запаметено по горчливиот коментар на Чарлс кога парот бил прашан дали се заљубени. Срамежливата Дијана одговорила „секако“, пред Чарлс да додаде, „Што и да значи љубовта“.

 

Се венчале на 6 јули во катедралата Свети Павле, каде Камила, наводно, присуствувала на свадбата од бајките за која се проценува дека ја гледале 750 милиони луѓе на глобално ниво. Принцот од Велс и Лејди Ди тогаш го добиле принцот Вилијам, роден 1982 година, а набргу потоа и принцот Хари, роден 1984 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tony wright (@25wrighttony)

Но, напнатоста меѓу двајцата се зголемувала, бидејќи според биографијата овластена од принцот Чарлс, тој започнал афера со Камила во 1986 година. До 1989 година на Дијана веќе ѝ било доволно да е во темница, па решила да ги земе работите во свои раце и да ѝ се спротивстави на Камила. „Знам што се случува помеѓу тебе и Чарлс и само сакам да го знаеш тоа“, наводно рекла Дијана.

Камила ѝ одговорила, „Имаш сè што некогаш си посакувала. Ги натера сите мажи на светот да се за заљубат во тебе и имаш две прекрасни деца, што уште сакаш?”. На што Дијана вратила,  „Го сакам мојот сопруг“, пред да додаде, „Жал ми е ви стојам на патот, мора да е пекол за двајцата. Но, јас знам што се случува. Не ме третирај како идиот “.

Почнале да се појавуваат прашања дали Чарлс ќе може да се разведе и сепак да биде иден крал, бидејќи Англиската црква во тоа време не би го одобрила тоа. Премиерот Џон Мејџор тогаш објавил дека принцот Чарлс и Дијана официјално се разделиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hrh.princess.diana

Во 1994 година, Чарлс признал дека ја изневерил Дијана, додека ја опишал својата идна сопруга Камила како „многу долго време, пријателка“. Во јануари 1995 година, Камила и Ендру Паркер Боулс објавиле дека ќе се разведат.

Во ноември 1995 година се случило славното интервју за „BBC“ во кое Дијана одговорила на Мартин Башир, прашувајќи ја дали Камила придонела за разводот, велејќи: „Па, бевме тројца во бракот, имаше гужва”.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clarence House (@clarencehouse)

Во 1997 година, Чарлс организирал забава на 50-тиот роденден на Камила во неговата куќа, а нешто повеќе од еден месец подоцна принцезата од Велс починала во сообраќајна несреќа во Париз. Чарлс, заедно со сестрите на Дијана, летале за Париз за да го вратат телото на Дијана во Англија.

До 1998 година, Чарлс постепено работел да ја официјализира својата врска со Камила. Кралицата, сепак, не се согласувала тој да е во врска со жена со која ја изневерил својата сопруга, па одбила да присуствува на 50-та роденденска забава за нејзиниот син бидејќи знаела дека Камила ќе биде меѓу гостите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clarence House (@clarencehouse)

Камила се преселила во „Кларенс Хаус“ во 2003 година, која до денес останала официјална резиденција на војводата и војвотката од Корнвол.

Во февруари 2005 година двајцата конечно ја објавиле својата свршувачка и до 8 април тие се венчале во граѓанска церемонија со принцот Вилијам како кум, но без присуство на кралицата. Нејзиното височество, сепак, присуствувала на приемот по церемонијата. Камила ја стекнала титулата „Нејзино кралско височество Војвотката од Корнвол“, така што Дијана останува единствената принцеза од Велс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот