ФОТО | Наоми Кемпбел повторно изненади со својот изглед: Дали е можно 55-годишна жена да изгледа толку добро
Тешко е да се поверува дека Наоми Кембел има 55 години, особено гледајќи ги нејзините нови фотографии на кои носи костим за капење. Додека одмараше на Ибица, супермоделот го покажа своето тело на кое дури и младите девојки би ѝ завидувале.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сепак, таа фигура и изглед од соништата не се случајни. Наоми, која наполни 55 години оваа година, покажа како носи одело за стимулација на мускулите додека вежба Реформер Пилатес.
Наоми не го крие фактот дека вежба и вложува сè што има за да изгледа добро, а тој труд дефинитивно вреди.
View this post on Instagram
Наоми е позната како еден од најбогатите супермодели, бидејќи ги вложува своите заработени пари мудро. Неодамна работеше како продуцент на филмот „Невидлива убавина“ за Бетан Хардисон, кој беше прикажан на фестивалот Санденс во 2023 година.
Од 2023 година, таа е ангажирана како советник во музичката компанија Гама, а целиот свој живот се занимава со филантропија и активизам.
И покрај нејзината исклучително богата кариера, Наоми не го заборавила својот приватен живот. Иако нема маж во животот, таа сепак доби две деца со помош на сурогат мајка. Наоми доби ќерка во мај 2021 година, а син во јуни 2023 година.


