Сидни Свини на премиерата на „Домашната помошничка“ / Фото: Profimedia

ФОТО | Налик Мерилин Монро: Сидни Свини ги украде погледите на црвениот тепих со впечатлива бела креација

Американската актерка Сидни Свини привлече огромно внимание на премиерата на својот нов филм „Домашната помошничка“ (The Housemaid) во Лос Анџелес. Таа прошета на црвениот тепих во впечатлива бела креација, инспирирана од легендарниот стил на Мерилин Монро, оставајќи малкумина рамнодушни.

Долгиот бел фустан имаше исклучително длабоко деколте, додека наборениот горен дел дополнително ја истакна нејзината фигура. Креацијата потсетува на култниот фустан што Мерилин Монро го носеше во филмот „Чешањето на седмата година“ (The Seven Year Itch), а корсетот во струкот ѝ ја нагласи витката линија и песочната силуета на актерката.

Сидни Свини на премиерата на „Домашната помошничка“ / Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

Долниот дел од фустанот е збогатен со волуменозно здолниште, украсено со лесни бели пердуви, кои ѝ дадоа дополнителна драматичност и елеганција на целата појава.

Свини го надополни својот изглед со впечатлива шминка, со акцент на усните, додека нејзината руса коса ѝ беше пуштена и природно обликувана. Од накитот избра минимализам – дијамантски обетки, нараквица и прстен, оставајќи фустанот и силуетата да бидат во прв план.

Аманда Сајфред, Сидни Свини и Брендон Скленар / Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

ФОТО | Jа крена температурата на забавата во Лос Анџелес: Сидни Свини позираше во провокативен готски фустан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот