Марија Шарапова / Фото: EPA-EFE/JULIAN SMITH

ФОТО | Најскандалозните стајлинзи на Вимблдон на сите времиња: Шорцевите на Шарапова, розовиот градник на Вилијамс…

Правилата се тука за да се прекршат, според некои тенисерки кои не го следеа строгиот кодекс на облекување на Вимблдон. Бидејќи кршењето на таквите норми е, сепак, исклучок, изданијата што ќе ви ги претставиме имаа голем одѕив. Зошто еден металик костум беше проблем и како црвените шорцеви станаа тема?

Престижниот тениски турнир Вимблдон е основан во 1877 година и наложува кодекс на облекување за учесниците. Тоа, сепак,  не ги спречи спортистките, како и спортистите, да се облекуваат за теренот надвор од тие упатства.

Правилата беа ажурирани во 2014 година со „декрет“ во 10 дела, вклучувајќи дека облеката не треба да биде белузлава или крем боја, туку исклучиво бела. Лентите во боја што се појавуваат на ѓерданите, ракавите, долната облека или капите можат да бидат широки најмногу еден сантиметар, пишува британски „Индепендент“.

Овогодинешниот Вимблдон се организира од 30 јуни до 13 јули, а српскиот Новак Ѓоковиќ чекор по чекор оди кон осмата титула на турнирот во Лондон.

Познатиот костум на Ен Вајт ја разбесни конкуренцијата

Американската тенисерка Ен Вајт во 1985 година, го носеше познатиот бел/металик костум на Вимблдон. Таа исто така донесе и грејачи за нозе, типичен детаљ од 1980-тите.

Нејзината противничка на теренот, Пам Шрајвер, не беше задоволна од овој начин на облекување. Таа се пожали кај судиите во текот на натпреварот барајќи Ен никогаш повеќе да не носи „мачка-костум“ на натпреварувањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Court (@fullcourtsport)


Меѓутоа, Серена Вилијамс носеше слична облека во 2019 година, откако изјави дека се чувствува како „принцеза воинка“ на Отвореното првенство на Франција во 2018 година.

Чипканата долна облека предизвика метеж

Американската тенисерка Гертруда Моран, која на врвот на кариерата ја нарекуваа Гуси, предизвика метеж на Вимблдон во 1949 година, кога нејзината чипкана долна облека се гледаше во текот на натпреварот.

Пред да излезе на теренот, Моран го праша Ол-Англанд Клубот дали може да добие дозвола да носи шарена облека. Но, организаторите на турнирот го одбија барањето. Нејзината чипкана долна облека се сметаше за особено контроверзна во тоа време со оглед на правилото дека тенисерките носат подолги здолништа.

Венус Вилијамс и розовиот градник

Во 2017 година, Венус Вилијамс наводно морала да го пресоблече градникот среде натпреварот кога во текот на играта под маицата се гледале ременчињата на нејзиниот градник во боја.

Таа го пресоблекла градникот во текот на паузата поради дождот во вториот сет на натпреварот против белгиската тенисерка Елис Мертенс.

Кога ја прашале за инцидентот на прес-конференцијата по натпреварот, Венус рекла: „Каков розов градник? Не сакам да зборувам за градници на прес-конференции. Чудно е. Не сакам да зборувам за мојата долна облека. Малку ми е непријатно. Ќе го оставам тоа на вас. Можете да разговарате за тоа со вашите пријатели. Јас ќе го прескокнам тоа.“

Црвени шорцеви

Француската тенисерка со руско потекло, Татјана Головин, стана тема за која многу се дебатираше во текот на Вимблдон во 2007 година поради црвените шорцеви/долна облека што ги носеше на теренот.
Меѓутоа, ова се случи пред ажурирањето на правилата за облекување во 2014 година, па ѝ беше дозволено да го стори тоа. Претставникот на Вимблдон рекол дека тоа било договорено со судијата пред натпреварот, пренесува Ројтерс.

„Со оглед на тоа што станува збор за долна облека, правилото за претежно бела боја не мора да се почитува. Меѓутоа, сега правилата диктираат дека долната облека што ја носат натпреварувачите мора да биде претежно во бела боја“, рекол тој.

 

Како Марија Шарапова им пркосеше на правилата

Најубавата меѓу тенисерките, Русинката Марија Шарапова ги изненади сите кога се појави на теренот во 2008 година во шорцеви и поелегантна блуза.

„Тоа е изглед инспириран од смокинг. Оваа година бев многу инспирирана од машката облека и секој пат кога одам на Вимблдон сакам да изгледам отмено и елегантно“, рекла таа, пренесе Ројтерс.

 

„Премногу ризични фустани“

Сју Баркер, која беше трета тенисерка во светот, во 1977 година носеше фустани кои во тоа време се сметаа за „премногу ризични“. Таа година, Сју стигна до полуфиналето и поради тој пораз, не можеше да го гледа финалниот натпревар.

Бунтовничка Серена Вилијамс

Ако некој го кршеше кодексот на облекување на тенискиот терен, тоа сигурно беше познатата Серена Вилијамс, која се појави на Вимблдон во 2019 година во бел фустан со исечоци на страните, лента во косата, со метални детали, раскошен елегантен часовник и огромни обетки.

Марија Шарапова: Ледената кралица на спортот

Историјата на Вимблдон: Денот кога Шарапова ја шокира Серена и ја освои титулата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот