ФОТО: На операции потрошила вистинско богатство и нема намера да запре – Најголемата желба ми е да изгледам како барбика!
Има само 27 години, а веќе неколку пати направила посериозни естетски корекции…
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Чарли не била задоволна со својот изглед, па решила да направи неколку пластични операции со цел што повеќе да наликува на куклата „Барби“.
Иако е млада девојка, таа не гледа ништо чудно во тоа што сака да го промени својот изглед и што подлегнува на толку операции.

Оваа млада мајка досега направила бројни хируршки и нехируршки зафати, како филери за усните, ботокс, филери за образите и брадата, како и зголемување на градите.
Исто така ги истетовирала усните и веѓите, а се проценува дека за сето тоа досега платила 17.000 фунти.
Иако многумина коментираат дека единствено успеала да го уништи своето лице, а не да личи на куклата „Барби“, таа не им обрнува внимание на коментарите и тврди дека сето тоа се зборови на љубоморни луѓе.

„Не гледам проблем во пластичните операции. Доколку не сте задоволни со својот изглед, тогаш променете го. И онака сето тоа го плаќа мојот сопруг Рос. На него му се допаѓа мојот нов изглед“, изјави Чарли.
„Дефинитивно ми се допаѓа изгледот на „Барби“ куклата и би рекла дека таа е моја инспирација. Ми се допаѓа нејзиниот тесен струк, големите гради, големите усни, долгата блонди коса и прекрасниот тен. Едноставно се чувствувам попривлечно и имам поголема самодоверба“, изјави таа.

„Филери ставам на секои шест до девет месеци, а забите редовно ги избелувам кај забар или сама дома“, откри Чарли.
Повеќе фотографии можете да видите на нејзиниот Инстаграм профил.
Преземено од Еспресо.мк


