ФОТО: Можеби и најглупавиот жолт картон во кариерата на Луис Суарез!

Фото: EPA-EFE/Yuri Kochetkov/POOL

И повторно таа видео технологија која помага во решавањето на сомнителните моменти во текот на натпреварите и опција која секако е добредојдена за судиите.

Така беше и на мечот од Лигата на шампионите помеѓу екипите на Локомотив Москва и Атлетико Мадрид кој заврши со резултат 1:1.

Има и играчи кои се сомневаат во прегледувањето на ВАР снимките и донесувањето на одлуките, а помеѓу нив и е уругвајската ѕвезда на Атлетико, Луис Суарез.

Правилата се јасни, само главниот судија на теренот има право да ја погледне снимката, во овој случај Французинот Бастијен.

Тој инаку проверуваше една кристално јасна ситуација од 24 минута, а изнедувачки до екранот се доближи и Суарез. Поради нарушување на судискиот простор Уругваецот доби жолт картон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот