ФОТО | Многу се блиски – Ова со години ги поврзува Калиопи и Мима Караџиќ
Калиопи е блиска со многу познати личности од регионалната музичка и актерска сцена, но тој за неа е посебен.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Станува збор за актерот Мима Караџиќ, со кој Калиопи секогаш имала посебна релација. Токму неговото доаѓање во Скопје на 27 март, во киното „Синеплекс“, на премиерата на филмот „Спортско срце“, кој го режираше и во кој глуми главна улога, ја израдува Калиопи.
„Ти честитам и се радувам, драг мој пријателе“, напиша Калиопи на Инстаграм со веста за филмот.

Инаку, во 2022 година, кога познатиот црногорски актер беше во Скопје, во МНТ, со театарската претстава „Лет над кукавичкото гнездо“, Калиопи се дружеше со него во еден познат скопски ресторан.
Според видеата кои Калиопи и Мима ги објавија тогаш, нивната дружба започна со македонска музика, со песната „Сонце за три света“. Со добро македонско вино и музика за душа, за гостите од Белград имаше и српска народна и поп-музика која ја загреа атмосферата. Актерот се орасположи, па рецитираше поезија, а Калиопи му го подари најубавото на крај, една од неговите омилени песни „Беле руже“, како и нејзиниот хит „Бато“. Калиопи доби силен аплауз и прегратка од Мима Караџиќ по нејзиното пеење.
И самиот актер во една прилика изјави дека кога ќе дојде во Скопје, најмногу сака да се дружи со Калиопи.
„Калиопи е личност која не може да не ја сакате. Секоја моја средба со неа е полна со прегратки и прекрасно дружење. Таа е 24 часа насмеана, барем кога е со мене, таа е моја душа. Долги години се знаеме“, рече познатиот актер.
ВИДЕО | Весело во Скопје: Калиопи во друштво на актерите од Белградското драмско позориште


