ВИДЕО | Весело во Скопје: Калиопи во друштво на актерите од Белградското драмско позориште

Фото: Скриншот, Инстаграм

Вечерва и утревечер, Белградско драмско позориште ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“.

Актерската екипа веќе пристигна во Скопје, а вчеравечер имаа можност да уживаат во добра музика, вкусна храна и традиционалниот амбиент во еден скопски ресторан.

Актерот Милутин Мима Караџиќ сподели неколку снимки на Инстаграм со кои пренесе дел од веселата атмосфера. Исто така, во нивно друштво се најде и нашата поп-дива Калиопи Букле, која е долгогодишна пријателка на Караџиќ.

„На мое големо задоволство, мојата драга Калиопе. Јас сум единствен кој ја нарекува Калиопе. Мојата љубов, мојата убавина, мојата драга и најдобра пејачка во Југославија“, вели Караџиќ во снимката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mima Karadzic (@karadzicmima)

Секако, вечерта не би била совршена без прекрасниот глас на Калиопи, која ја испеа „Беле руже“ од легендата на српската народна музика, Предраг Цуне Гојковиќ.

„За душа, за сите души и за сите срца“, напиша актерот Мима Караџиќ во описот на снимката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mima Karadzic (@karadzicmima)

Имено, за оние кои би сакале да ја изгледаат претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, изведбите ќе започнат во 20.00 часот.

Таа е во режија на Жанко Томиќ создадена по текстот на Кен Кеси и Дејл Васерман.

„Станува збор за црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот“, велат од Македонскиот народен театар.

Главниот лик на Редни П. Мекмарфи го игра Драган Бјелогрлиќ, а во останатите улоги играат Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.

Драмата е напишана во 1962 година, a првата изведба се случила во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога. Премиерно во изведба на Белградското драмско позориште, „Лет над кукавичкото гнездо“ беше одиграна на 5 ноември 2005 година на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот