ФОТО | Мишел Фајфер со огромна модринка на окото: Останете подалеку од кујната
Актерката Мишел Фајфер неодамна преку својот Инстаграм сподели фотографии од повреда на окото која ја добила за време на рекреација.
Препорачано
Имено, актерката сподели неколку фотографии, а на една од нив може да се види како држи ќесичка со коцки мраз кои ѝ ја ладат повредата. На другите две фотографии се гледа како изгледа модринката на нејзиното лице со затворено и отворено око. Како што можете да видите на фотографиите, модрината го покрила целиот десен очен капак.


„Пиклбол. Останете надвор од кујната!! Ти благодарам, Лес“, напиша таа на објавата, откривајќи како добила модринки додека ја играла нејзината омилена игра Пиклбол. Сепак, таа подоцна во своите коментари додаде дека нејзината повреда не е сериозна. Нејзината сестра Диди ја коментираше објавата и рече дека Мишел продолжила да игра и покрај повредата.
Патем, пиклболот е спорт кој е создаден од комбинација на бадминтон, тенис и пинг-понг. Се игра со рекет, како и другите споменати спортови, но е достапен и за оние кои не се во сериозна физичка форма, бидејќи се игра на помал терен и со помал интензитет. Популарен е дури и меѓу пензионерите.


